Реклама
Наши ѕвезди

И Ана Севиќ не е цвеќе за мирисање – Дарко Лазиќ откри со кого го изневерувала додека се уште биле во брак (фото)

Реклама

Познатиот пејач Дарко Лазиќ откри некои помалку познати детали од неговиот брак со пејачката Ана Севиќ.

Фото: Инстаграм/ new_me911

Имено, Дарко решил јавно да прозборува и за нејзиното неверство кое, како што вели тој, се случувало уште додека тие биле заедно во брачна заедница.

Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ

Мојата поранешна сопруга избра момче што го познавам од порано. Како го познавам? Па ние бевме во брак, а Ана паралелно беше и со Даниел. Односно таа ме изневеруваше се додека не дознав за тоа. Ништо во животот не е случајно, па така ни нашиот развод. Во врска со Лорена, нашиот договор функционира одлично“, изјави Дарко, а пренесуваат познатите српски таблоиди Курир и Свет.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ

„Никогаш нема да дозволам Лорена да го вика Даниел татко, ниту пак таа го вика така. Даниел за неа е Даниел, Марина е Марина. Таа има своја мајка и татко“, вели 27-годишниот пејач. Иако до сега се шушкаше дека причината за нивната разделба бил бурниот и проблематичен живот на Дарко, а многумина обожаватели на музичкиот пар го обвинуваа пејачот дека ја изневерува сопругата, според изјавата на Лазиќ, сепак неверството на Ана Севиќ е главната причина поради која тие решиле да се разделат, иако имаат ќерка.

Инаку, пејачот неодамна ја запроси својата 20 годишна девојка Марина Гагиќ со која го очекува своето второ дете. Возбудениот татко пред српските медиуми се пофали дека сé е спремно за доаѓање на свет на синот кој бремената Марина би требало да го роди за неколку недели.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button