Реклама
Холивуд

И Ана Винтур НЕ можеше да му одолее на овој тренд, па ги изненади сите со нејзиниот стајлинг!

Реклама

Новиот тренд ја освои и Ана Винтур


Легендарната модна икона, Ана Винтур, ги изненади сите кога се појави на „US Open“ „фурајќи“ ги најновите трендови на кои очигледно и самата не е имуна. Имено, најмоќната дама во модниот бизнис свет и покрај тоа што во плакарите има класини парчиња на кои им е верна веќе со години, овој пат одлучи за малку помодерен стил. Во прашање е фустан со таканаречен марама дезен, еден од водечките трендови за оваа есен инспириран од традиционалните марами од свила кои порано ги носеа дамите, а кои во наредната сезона ќе биде хит меѓу трендсетерките.

Маркетинг

Винтур со фустанот кој и стоеше одлично носеше високи потпетици од Маноло Бланик во кои ја гледаме уште од 2011, а целото издание го заокружи со нејзината препознатлива боб фризура на која и е верна веќе со години.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button