Реклама
Новости

Ицко, кој прерано почина го заслужува ова: Журка до раните утрински часови, многу играње, планинарење и мото тура до Галичник

Реклама

„ГалИцко фестивалот“ ќе се одржи  в сабота на 17 јуни во Галичник. Ова е второ издание на овој меморијален настан во чест на прерано починатиот диџеј Ицко од Антена 5.

фото/Фејсбук

Ристо Меловски или познат како диџеј Ицко нѐ напушти на тој кобен ден на 17 јуни 2020 година  на 48 годишна возраст. Тој почина од коронавирусот на Инфективната клиника, пренесоа медиумите.

фото/Фејсбук

Од минатата година, неговите најблиски, почнувајќи од неговата сопруга, семејството, колегите и пријателите кои го сакаат и почитуваа скршени од болка одлучија да ја исполнат неговата најголема желба на едно место да ги склопат сите нешта кои тој ги сакал.

Маркетинг
фото/Фејсбук

Под мотото „Сѐ што му беше љубов во едно“ го создале здружението „ГалИцко“ кое ја организира манифестацијата која вклучува планинарење, велосипедска тура, мото тура и многу добра журка. Се што го опишува Меловски кој беше љубителна планините, член на мото клубот „Ноќни волци“ и  долги години вработен како диџеј и новинар во „Антена 5“ радио.

фото/Фејсбук

ИЦКОВА ПАТЕКА – рекреативна планинарска тура по Ицкова патека. Првобитно трасирана од нашиот драг Ицко, оваа година за првпат ја организираме во рамките на фестивалот, како една од двете планинарски тури. Ицкова патека е во организација на спортското планинарско друштво Бистра-Гостивар, а главен водич на турата е Горан Филиповски.

Маркетинг

Највисоката точка што треба да се искачи е врвот Старци со надморска висина од 1709м. Од самиот врв се простира прекрасен поглед на Стогово и Дешат со билата на Крчин и Бујук Дорук, Дебарско езеро, Лазарополе, Гари, Скудриње, Ростуше, Битуше.

фото/Фејсбук

Турата е лесна, погодна за почетници и рекреативци. Се искачува висинска разлика од само 350мнв а должината на патеката изнесува 5км во еден правец. Турата е кружна а појдовна точка е Селска ливада, на само 1км од Галичник, каде што ќе можете да ги оставите вашите возила. Почеток на турата 8:30ч.

фото/Фејсбук

– Маркацијата на Ицкова патека, во пресрет на фестивалот во сабота, е спроведена денес од страна на ПСК Бистра-Гостивар. Благодарност до НП Маврово за поддршката и можноста да ја обележиме оваа патека во чест на Ицко.Голема благодарност и до членовите на ПСК Бистра-Гостивар, кои денес борејќи се со дождот ги поставија маркациите. Ве очекуваме заедно за првпат вака обележана да ја поминеме Ицкова патека, патеката што Ицко ја трасираше заедно со неговите пријатели од Галичник, напишаа организаторите на Фејсбук.

фото/Фејсбук

Во рамките на фестивалот истиот ден е предвидена уште една планинарска тура до врвот Карбула во организација на планинарското друштво „I love hiking““, оттаму велат:

– Периодот на кампинг авантури започнува со ГалИцко фестивал и во соработка со најенергичното и најголемото планинарско друштво во Македонија, I love hiking-group Macedonia, ја организираме планинарската тура Галичник-Карбула-Галичник.Сите што сакаат да се вклучат на кампингот и планинарската тура до Карбула задолжително да се обратат до планинарското друштво, напишаа на социјалните мрежи.

фото/Фејсбук

И Ноќните волци организираат мото тура во чест на нивниот другар, брат и пријател. Тие поаѓаат од 13 часот од Скоје кон Галичник.

Во дневните „аутдор“ активностги ќе има и велосипедска тура.

фото/Фејсбук

На крајот како јаготка на шлагот, некаде во попладневните часови ќе започне забавата. Богата музичка програма со звучни имиња од македонската диџеј сцена, како Никифор, Мартин, Галоски, Ерик Фокс и многу други колеги ќе им ја разубават ноќта се до раните утрински часови на присутните.

фото/ Фејсбук

Доколку сте кампери, спакувајте ги шаторите, соберете го друштвото и сите викендов во Галичник.

А, еве како си поминаа тие кои беа дел од „ГалИцко“ минатата година.

фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук

 

фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button