Исчезна токму во екот на популарноста – погледнете како денес изгледа МАКЕДОНСКИОТ ПЕЈАЧ што ја испеа „Пиjaн и млад“
Кон крајот на 90-те и раните 2000-ти тој беше еден од најпопуларните македонски пејачи.
Беше навистина огромна тинејџерска атракција.
Шармантното момче со прекрасна насмевка веднаш ја освои публиката уште со првата своја песна.
„Пиjaн и млад“,„Животе сладок си“, „Не ги гаси свеќите“, се хитовите кои до ден денес останаа врежани во главите на тогашни генерации, а ги знаат и помладите.
Песната „Пиjaн и млад“ се најде на врвот на сите тогашни топ листи. Но тоа не беше неговиот единствен хит.
Имено, некогашниот пејач Сашо Спасовски зад себе остави ризница хитови.
Сигурни сме дека кога ќе ги слушнете овие песни, ви навират спомени на едно безгрижно време, време на младоста.
Досега на македонската музичка сцена се појавиле и квалитетни и неквалитетни пејачи.
Некои од нив оставиле трага, а некои од нив просто само исчезнале.
Сашо остави навистина траен белег, но во екот на својата популарност одлучи да се повлече од сцената и исчезна.
Тој беше една вистинска поп-сезнација која кршеше многу женски срца, но одеднаш одлучи да се повлече од естрадатата.
Како што тогаш истакна, причината за неговото повлекување е тоа што одлучил да се посвети на студиите во Софија по соло пеење.
Љубовта кон музиката никогаш не исчезнала кај овој пејач. Тој и ден денес се занимава со пеење, но оперско.
Освен најголемата љубов – пееето, Сашо има уште еден талент, а тоа е астрологијата.
Некогашната ѕвезда денеска изработува натални карти.
Некогаш и сега
Пејачот не е многу активен на социјалните мрежи, но од она што може да се забележи од неколкуте фотографии споделени на Фејсбук, мора да се признае дека за пејачот времето како да запрело. Изгледа скоро исто како на почетокот на својата кариера. Препознатливата насмевка останала, а промена има минимално во фризурата.
Шармантниот пејач, на радост на женскиот пол од неговата публика сѐ уште е сам.
Преку една објава на Фејсбук тој се пошегува и откри кога планира да се ожени.
„Кога ќе најдам жена што ќе ме сака како штикли на излог, е тогаш ќе се женам“, напиша Сашо тогаш.
Тој е голем верник, па некои од неговите објави се посветени токму на религијата.
„Сакаш да постиш? Ѓаволот ти помага. Сакаш да даваш милостиња? Ѓаволот ти помага. Сакаш да градиш храмови? Ѓаволот ти помага. Зошто? Затоа што знае дека ако се ова го постигнеме, можеме да станеме горди и се да изгубиме“, стои во еден негов пост.
Повеќе фотогрфии погледнете во продолжение: