LIFESTYLEВести

СЕ БАРА МИЛИЦА: Ова е нејзината ПОСЛЕДНА ПОРАКА, мајка и моли за помош!

Advertisement

Исчезната девојка Милица Тодоровиќ во Белград

Девојката Милица Тодоровиќ (16) од Белград исчезнала утрово околу четири часот по полноќ и оттогаш и се губи секоја трага.

Advertisement

Како што изјави за Курир рс мајката на исчезнатата малолетничка, таа пред еден час во полиција го пријавила исчезнувањето на ќерка си.

– Мојата агонија започна утрово кога станав и видов дека ја нема во креветот. Тогаш помислив дека таа оди на училиште, меѓутоа, дознав дека не отишла ни таму – вели загрижената мајка на тинејџерката и додава:

– Ги повикав сите нејзини пријатели и од сите добив ист одговор дека не знаат каде е. Загрижена сум и се молам на Бог да ја најдат.

Advertisement

Како што понатаму за Курир изјавила загрижената мајка, Милица е висока 170 сантиметри.

– Носеше црна гардероба. Немам поим каде отиде, со оглед на тоа што им се јавив на сите што ги познава и се дружи – вели во еден здив и додава:

– Она што ме загрижува е пораката што ми ја остави. Имено, таа на парче хартија напишала: „Те сакам мамо, прости ми!“. Тоа беше пораката што ме натера да се исплашам. Исто така, го најдов нејзиниот мобилен телефон во куќата, што значи дека не го земала со себе.

Како што кажа загрижената жена, нејзината ќерка никогаш претходно не направила вакво нешто.

-Ова е прв пат да ја снема и да ја нема. Се надевам дека е жива и ќе се врати дома.

Сите сме загрижени и само сакаме да ја видиме – рече таа и додаде дека секој што има каква било информација може да се обрати во најблиската полициска станица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button