14-годишната девојка Клара Т. која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврди за Телма нејизната мајка Ивана Т.
Девојчето било најдено кај Транспортниот центар во Скопје. Центарот бил една од двете локации (покрај Градскиот парк) каде се одвиваше засилена полициска потрага бидејќи преку скриен телефонски број мајката добила известување дека девојчето по семејната караница со автобус 63 заминало од Илинден во центарот на Скопје. На мајката и било посочено дека девојчето ќе преспие на отворено или на Железничката станица во Скопје или во Градскиот парк.
Исто така и МВР преку соопштение потврдија дека малолетничката е пронајдена.
„Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот“, се вели во соопштението на МВР.
Клара изчезнала вчера околу 18 часот, а на социјалните мрежи беше објавен апел за нејзино пронаоѓање.