Реклама
Вирално

Истражување: Дали банкнотите и монетите можат да пренесат коронавирус?

Реклама

Не постои значителен ризик да се заболи од новиот коронавирус преку користење на книжни и метални евра, соопшти денеска Европската централна банка (ЕЦБ).


Како што се наведува, тоа е утврдено со лабораториско испитување кое покажа дека вирусот преживеал многу подолго на други површини, пренесува порталот Локал Франс.

Готовината и натаму се користи во 19 земји од еврозоната, меѓутоа бројни продавници бараат од купувачите да се префрлат на бесконтактно плаќање за да се избегне ракување со банкноти и можен контакт со инфицирано лице.

Маркетинг

Член на извршниот одбор на ЕЦБ Фабио Панета рече дека испитувањето во лабораторија покажало дека стапката на преживување на вирусот е 10 до 100 пати поголема на челични површини, како кваки на вратите, отколку на банкнотите и монетите.

– Други анализи покажале дека вирусот потешко се пренесува преку порозни површини како памучни и ли хартиени, отколку преку мазните површини како што е пластика, рече Панета додавајќи дека евробанкнотите печатени на хартија од памучни влакна што ги прави отпорни на абење.

Маркетинг

Панета заклучи дека банкнотите не претставуваат ризик од инфекции во споредба со други видови површини со кои секојдневно луѓето доаѓаат во контакт.

Повеќе од 340 милиони жители на Европа користат евро, а готовината е доминантен начин на плаќање и посебно е популарен во Германија, Франција и Шпанија, соопшти ЕЦБ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button