Познатото американско списание „Parents“, кое излегува еднаш месечно, и се занимава исклучиво со теми за родителството и децата, на својата последна насловна стави брачен пар од ист пол и предизвика бројни реакции.
Инаку, станува збор за фитнес тренерот Шон Т-и и неговиот партнер, Скот Блокер, кој водеа вистинска борба за да ги добијат близнаците.
„Ги поминавме сите оние работи со кои се соочуваат и другите парови кои се борат со неплодност: тестови, сомневања, тага, неизвесност и чекање”, изјави Скот за магазинот.
https://www.instagram.com/p/BshKjb9FmVe/
Всушност, пред да се родат нивните два сина, Сила Рајс и Сандер Вон, ова двојката помина бројни вистински предизвици – дванаесет обиди за оплодување, имаа пет сурогат мајки, двајца лекари и еден спонтан абортус, и за сето ова потрошиле илјадници долари .
Момчињата се родени во 32-та недела и поминале извесно време во инкубатор, а Шон и Скот беа убедени дека сè ќе стане многу полесно откако бебињата ќе пристигнат во нивниот дом. Но, за жал, не беше така. Тие всушност немаа поим какви предизвици се дури сега пред нив.
„Бевме збунети и ужасни. Првата ноќ, Сила и Сандер поминаа плачејќи цело време во креветот“.
https://www.instagram.com/p/BsLT4Qylish/?utm_source=ig_embed
Како и во многу други семејства, новата улога и на овие родители им донесе и бројни искушенија.
„Откако сме родители повеќе пати се испокаравме отколку во целата наша врска. Дури и се прашувавме дали децата ќе го уништат нашиот брак, но тие не беа проблем, проблемот беше во недостаток на сон”, призна Скот.
Дури откако момчињата почнале да спијат преку цела ноќ без да се будат нивната врска се врати на старо.