Асли Енвер (38) која важи за една од најбараните и најпознатите турски актерки се омажи за бизнисменот Беркин Гокбудак во ноември минатата година, а набргу потоа откри и дека е бремена.
Таа сега влегува во последните месеци од бременоста, а неодамна прв пат покажа како изгледа со трудничкиот стомак.
Имено, Асли која ги израдува фановите со веста дека ќе се мажи, потоа дополнително ги изненади кога откри дека е во блажена состојба. Но Асли оттогаш вешто го криеше стомакот, а сега прв пат го покажа на својата специјална роденденска објава на Инстаграм.

Нејзините фотографии веднаш предизвикаа лавина од коментари и лајкови, и сите се согласни дека изгледа прекрасно.

Таа влегува во последните месеци од бременоста, а како што самата откри во една пригода, планира да се породи во Турција.

Инаку, Асли пред да си ја пронајде среќата во бракот со бизнисменот Беркин Гокбудак имаше бројни љубовни неуспеси.
Таа денес има 38 години и важи за една од најбараните и најплатените актерки во Турција од помладата генерација, а публиката во Македонија ја запозна благодарение на серијата „Истанбулската невеста“.

Талентот кон уметностите го покажувала уште од најмали нозе, а најголема поддршка имала од својата мајка. Порасната е во Лондон, каде што живеела до 12 годишна возраст, а потоа се селат во Турција каде ќе ѝ биде потребно време да го научи турскиот јазик. Но и покрај предизвиците со кои што се соочувала, таа веќе на 19 глуми во сериозни телевизиски проекти.

Се има појавено во бројни серии и филмови и денес важи за една од најдобрите актерки од помладата генерација во Турција.

Но за разлика од кариерата како актерка каде што редеше само успеси, на љубовен план не и одеше толку добро во животот.
Таа веќе има еден брак зад себе – со Биркан Сокулу. Нивниот брак заврши по три години бурен заеднички живот.

Потоа беше свршена за музичарот Мурат Буз, но и оваа врска не траеше долго, а конечно решија да се разделат во 2018 година.

Но по бројните љубовни бродоломи, актерката конечно ја пронајде својата среќа и сега ужива во брачниот живот и бременоста.

Асли и Беркин застанаа на лудиот камен на 12 ноември минатата година, а на венчавката беа присутни само најблиските пријатели и семејствата.

Како познатата актерка изгледаше како невеста, но и со трудничкиот стомак во преден план, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Погледнете ги и останатите фотографии:
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер
Фото: Инстаграм/ Асли Енвер