Реклама
Наши ѕвезди

Исповед на сопругот на Исидора Бјелица за голготата низ која поминувале борејќи се со болеста: Не можеше да мисли, ништо не зборуваше, само ја повикуваше Богородица

Реклама

Само Господ драг знае колку болки, терапии, игли, отрови, операции претрпе за овие две години, напиша своевремено сопругот на починатата писателка.

„Ќе ја искористам оваа колумна да напишам писмо кое се надевам Исидора нема да го чита, зошто ми се лутеше што сум толку отворен кон вас. Само Господ знае колку болки, терапии, игли, отрови, операции претрпе за овие две години“; напиша Небојша Пајкиќ, сопруг на Исидора Бјелица во 2015 година во својата колумна, опишувајќи ја страшната борба на својата жена со најтешката болест, со надеж дека таа сепак ќе се излези со помош на луѓето со добра волја.

Маркетинг

„Секојпат наново станувајќи како феникс кога сите мислеа дека е готово. Денови и денови после најтешките терапии, кога мислеше дека едноставно повеќе не може, кога ќе ги погледне нашите децам не знам ни од каде ни како наоѓаше нова сила да издржи, да се обиде да преживее поради нив говорејќи дека се многу мали во овој паднат свет…

Маркетинг

Сето тоа се сличи и прерано и нагло. Кога отиде на лекар зошто симптомите и личеа на канцер, гинекологот во една приватна клиника ѝ рече дека е хормонално пореметување и ја лекуваше од тоа. Така дојде, таа што секогаш одеше на редовни контроли до 3 б стадиум на најагресивниот канцер на јајници кој за месец дена може, посебно ако организмот е млад да доведе до тешки метастази… Ви благодарам, посебно вам добри луѓе.

После првата операција даде се од себе, помина ригорозни терапии, после кога се врати, ги издржа најтешките хемотерапии, а сега кога пред месец дена се врати болеста и кога и беше зафатен и црниот дроб и стомакот полн со вода, кога сите мавтаа дека е крај, таа рече: „Не можам уште да ги оставам Небојша, не можам“… И така по третпат почна надчовечката борба за духот и телото… Ноќи и ноќи ѝ се молеше на пресвета Мајка Богородица да ѝ помогне.

Исидора вели дека поради ужасните болки и водата во стомакот не може да мисли и ништо да зборува и тогаш само ја повикува Богородица… Така беше и сега и повторно почна да се случува чудо, водата да се повлекува, метастазите да се повлекуваат, и тогаш доби алергии…

Излезот беше единствено во ИПТ терапијата во Швајцарија, но ние после две и пол години продавање на се што имавме, немавме од каде тоа да го платиме. Исидора секогаш скриваше колку се мачевме сите овие години, сакаше да се шегува дека живее како скакулец, а работи како мравка…Седевме и размислувавме што да правиме… Се што вредеше го продадовме, а за две години никој не сакаше да ја купи нашата стан без лифт зошто не е лесно да се качиш на 5. кат.

Истиот тој петти кат каде Исидора се качуваше и после најинвазивните терапии од кои буквално и се распаѓаше телото уште незалечено од тешките операции кога се и беше извадено. Но таа не сакаше тоа да се знае, таа ќе ставеше шешир и ќе отидеше меѓу илјади луѓе и тогаш да им помага нив, да им дава довети, да ги теши, плаче и да се смее со нив. Не знаевме што да правиме.

Остана само библиотеката. Тоа се сите мои и нејзини заеднички книги, околу 3.000 единствено останаа покрај шеширите на Исидора кои на никого не му требаат освен на неа. Им се јавував на луѓето кои со години на Исидора и должеа пари за разни проекти, нејзините поранешни издавачи кои не и дале ниту извештаи ниту пари по 10 години и никој не сакаше да ѝ ги исплати хонорарите, а и со оние бедни 10 отсто колку што добива писателот, како еден од најчитаните писатели можеше да си плати само 10 терапии во Швајцарија. Еден рече: „Нека ме тужи – ќе дочека“, друг не рече ништо, не дојдовме до него, третиот лажеше, четвриот… Гордост е гордост, рече Исидора, но прво што губиш во канцерот е секаква суета.

„Тогаш стави на Твитер дека ја продаваме библиотеката, гледаш дека на оглас никој не се јавува”, ѝ реков на Исидора.

Тука се сите оние книги кој и нејзиниот дедо како претседател на Друштвото на писатели ги добивал со потписи на Андриќ, Селимовиќ..Тука се и нејзините книги кои ѝ ги подарија најголемите светски писатели Арабал, маркес…Тука се и книгите на нејзината прабава.. Тука се нашите заеднички филмски книги, книги од филозофијата која Исидора најмногу ја сакаше, книгата од нејзиниот омилен Бајрон која ја доби ни помалку ни повеќе туку од принцезата Лејди Дајана…

Тука се книгите со рајни посвети од нашите најдраги пријатели Калајиќ, Павиќ, Раша Ливада, Бране Црнчевиќ, Оља Ивањицки. Тука е целиот наш живот, но нашите деца се повеќе од нашиот живот и така Исидора тоа го стави на Твитер и се покрена лавина. Занемарувајќи го тој најминималниот дел од злонамерни кои секогаш и замеруваа на Исидора за шеширите и његошевското кредо дека кој не патува тој не живее се покрена буквално цел Балкан…Со ноќи плачеше…

Сега поради среќата. Кога им понудивме на луѓето да испратиме книги за нивниот прилог некои пишуваа – Исидора, поради Спас отидов на лекар и така ми го спасивте животот, други, Вашите книги мене ме тешеа на хемотерапија, тоа е мојот подарок, трет – вашите емисии и насмевка со децении ме вадеа од депресија…Од сите земји пристигнуваа порак од луѓето кои се молеа за мојата жена и ние од најсреќно ставме најсреќно семејство зошто покрај толку љубов не може да се биде сам дури и на работ на смртта.

Кога Владо Георгиев објави дека ќе прави концерт за Исидора таа ги гушна децата и низ солзи рече: Нели ви реков дека ќе се случи чудо…

Мојата жена е девојче кое верува во чуда и во најлошите ситуации, и во најтешките болки… Овој пат не сакам да напишам ништо друго освен едно големо благодарам на сите прекрасни души кои на мојата жена ѝ ја вратила силата, а на нашите деца можност да не останат без мајка во нејзините 40-ти… Таму каде што љубовта е чудо само по себе… Исидора дака да каже дека љубовта мора да кружи, можеби многумина не знаат, но повеќе од деценија работеше на хуманитарни настани за слепи, за безбедна куќа, за децата на пилотите, за прифатилиште, за деца болни од рак, за лица со инвалидитет.

Кога и самата се разболи ноќи и ноќи ја трошеше силата да одговори на секое писмо, да помогне, да даде контакт, совет… Сега сета таа љубов како еден незапирлив бран љубов ѝ се врати… На Балканот писателите таква љубов добиваат најчесто кога е предоцна, Исидора ја доби на време, додека уште има надеж.

Ви благодарам, Бог да ве благослови за добрината и мислоста… Небојша Пајкиќ“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button