Исповед на Мики Секуловски за смртта на татко му и за најтешкиот, но и за најубавиот период во животот
Омилениот македонски пејач прв пат искрено за депресијата, како успеал да ја победи и која е вистинската слика за депресивните луѓе
Мики долго време се бореше со депресија и сега одлучи да прозборува – Немав желба за живот, вели тој!
Велешанецот Мики Секуловски со своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“ ја освои публиката крај малите екрани.
Тој уште со првото појавување растри на сцената, а Марија Шерифовиќ му порача дека тој ќе биде голема ѕвезда, а на само Гранд ѕвезда.
Вакви пофалби Мики доби и од останатите, а Цеца беше пресреќна што има ваков пејач во нејзиниот тим.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но згодниот велешанец со импозантен глас жирито, но и аудиториумот ги освои и со својата животна приказна.
Имено, Секуловски уште на почетокот на шоуто откри дека во изминативе пет години живеел во Белгија, каде работел како келнер за да му помогне на семејството. Но тој тогаш не сакаше да открива повеќе детали за својот живот, освен дека морал да остане во оваа земја.
Мики по освоеното високо второ место во финалето даде неколку интервјуа, а во едно од нив прв пат спомна дека неговиот татко бил многу тешко болен, од карцином на дебелото црево. Мики затоа решил да остане во Белгија, каде неколку години се грижел за својот татко, а потоа, по неговата смрт, решава да се врати дома, додека мајка му и неговиот брат остануваат во Белгија.
Мики за овој тежок период од неговиот живот зборуваше и во подкастот на Стефан Лазаров и Зоран Василевски Фаци.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој за прв пат изнесе детали од сето она што му се случувало во изминативе години, истакнувајќи дека неколку месеци по смртта на неговиот татко паднал во тешка депресија.
„Татко ми почина во мај, пред две години. Јуни, јули, август, септември, јас бев океј. Значи, тешко ти е, но полека, полека, се опоравуваш“ вели Мики додавајќи дека изминативе четири, пет години, колку што бил болен татко му, тој задно со семејството психички биле подготвени и за најлошото.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што вели Мики, тие одлучиле татко му да го закопаат во Македонија, па тој сите процедури во врска со погребот ги завршил сам. Потоа неговата мајка и братот се враќаат во Белгија, а тој останува сам дома, во нивната семејна куќа во Велес.
И сé било во ред се додека еден ден, по неколку месеци, не му се јавила мајка му и му кажала дека неговиот брат конечно ќе оди да си провери крвна слика. Во тој момент Мики добива напад на паника, нешто што дотогаш никогаш му се нема случено во животот, а оваа состојба ќе продолжи и во следниот период.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Мене болки во стомак, почна да ми се мати, глава почна да ме боли, добив паничен напад“, вели Мики во шоуто.
„Октомври, ноември, декември, јас бев во многу тешка психичка состојба, Не сакав никаква дружба, светло ми смета, ми се мати видот, ме болеше стомак, не можев едноставно ни од кревет да станам“, раскажува Мики.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Едноставно немаш желба за живот“, вели Мики додавајќи дека дотогаш ни не знаел што е анксиозност и депресија.
„Функционирав така шест месеци… Нова година јас, пред две години, ја поминав сам, со изгасени ламби, со изгасен телевизор. Комплетно сам“, вели тој.
Мики потоа објаснува и како се извлекол од таквата состојба, како на неговата мајка и било посебно тешко што го гледала во таква состојба. Таа го замолила да дојде кај нив, да направи промена, но кога отишол таму на Мики му било уште полошо.
„Станав хипохондрик. Мислев дека имам тумор во глава, дека имам тумор во стомак, не можев да гледам убаво, раскажува тој, додавајќи дека комплетно се проверил на доктор, ги направил сите лекарски тестови – немал ништо, но повторно не можел да стане од кревет.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Се гледав во огледало и се пцуев самиот себеси. Знаеш дека немаш ништо, а мислиш… Многу, многу лоша ситуација“, вели тој додавајќи дека земал антидепресиви и се што постои, но било џабе.
На крај спонтано, чекор по чекор, ден по ден, како што вели, успеал некако самиот да си помогне и да се справи со ситуацијата во која претходно не можел да му помогне ни психолог. Кога ситуацијата му се подобрила, се случува и пријавата во „Ѕвездите на Гранд“ на што го натерала неговата мајка.
И како што вели Мики, таа воопшто не погрешила што го убедила да донесе таква одлука, мислејќи му го најдоброто.
Со започнувањето на шоуто ситуацијата уште повеќе ќе му се подобри, а со успехот ќе му се промени и целиот живот.
Целото интервју со Мики погледнете го во продолжение…