Реклама
Вирално

Исповед на жена чиј брат ја загуби битката со короната во Вухан: „Пулсот ми е 160, сатурацијата е само 70, гледам ѕвезди, вирусот…“

Реклама

Додека САД ја обвинуваат Кина за пандемијата, Кина го вперува прстот кон Шпанија, а се подготвува и инспекција во Вухан, а новинарите на Си Ен Ен беа во обиколка на Вухан и еве што затекнаа таму.

На почетокот на февруари, го загуби 44-годишниот брат среде епидемијата од коронавирус и вели дека не може тоа да си го прости. Во една собичка во предградието на Вухан седат две жени. Постарата седи до масата, а помладата карши неа и тивко плаче.

Маркетинг

На новинарите на Си Ен Ен им се претстави како госпоѓа Ванг. Сепак вели, не може да си прости и не може да се опорави од фактот што нејзиниот брат уmрел во болница, сам и исплашен. Вели дека не сака да го користи целото име. Нејзин брат бил Ванг Феи и таа е уверена дека ѝ се јавил од оној свет дека и простува се.

– Оваа болест предолго се влече, не можам повеќе, толку сум уморен, е една од последните пораки што ѝ ги испратил.

Маркетинг

Неговата сестра страда, зошто поради протоколот за заразни болести, неможела да го посети.

„Ми препукна срцето. Незнам дали му е пружена добра нега, не знам дали навистина направиле се за да го спасат. Кога слушнав дека уmрел, не можев да се помирам со тоа. Полицијата ми забрани да зборувам со странски медиуми, но решив да ризикувам“ вели таа.

Велат дека сите тие се под притисок на политичарите и дека на сите им е забрането јавно да ги изнесуваат своите искуства. Новинарите на Си Ен Ен во Вухан интервјуираа неколку луѓе кои загубија свои блиски од коронавирусот.

Денеска, кога повеќе од 12 милиони луѓе ширум светот се инфицирани и кога се починати повеќе од половина милион луѓе, новинарите на американската ТВ куќа отидоа во Вухан, во обид да откријат што се случувало таму.

Ванг Феи првите симптоми ги почувствувал кон средината на јануари, во време кога официјалниот број на починати од ковид-19 во Кина бил 3 лица. За тоа време, тлее војната меѓу Пекинг и Вашингтон. Кина е под протисок на обвинувањата дека ја криеле епидемијата и предоцна откриле што се случува, со што допринеле вирусот да се пришири низ светот.

Госпоѓицата Ванг вели дека нејзиниот брат, по професија возач, воопшто не излегол од Вухан за своите 44 години.

Во болницата му дале парацетамол и го испратиле дома. Ванг Феи почнал да се чувствува лошо во текот на викендот на 18 јануари, во време кога властите сè уште тврдеа дека болеста не е заразна.

– Тие велат дека не се пренесува од човек на човек, но сите лекари носат маски – тој ѝ рекол на својата сестра кога се вратил дома.

– Знам дека требаше да се грижам повеќе. Затоа чувствувам ужасна вина – И јас му го повторував она што тогаш го зборуваа сите. Дека не е ништо страшно и дека сè ќе се среди. Само сега гледам колку не знаевме ништо и колку нè држеа во мрак, вели растревожената жена.

Сепак, местата има сè помалку, шансите да го примат, исто така, се намалиле, и тој се повеќе и повеќе се исцрпувал. Нејзиниот брат ги поминува следните неколку дена чекајќи во долги редови пред болниците.

„Тој длабоко веруваше дека државата се грижи за него и ќе го заштити“, рече г-ѓа Ванг.

Ним им било речено дека треба да се грижат за повеќе од 600 луѓе пред него. Седум часа подоцна, тој конечно беше примен на преглед во болницата. Вухан беше ставен во карантин на 23 јануари, предоцна за Вухан и за остатокот од светот. Неколку дена подоцна, состојбата на Ванг Феи се влоши толку многу што повикале брза помош.

– Едноставно нема доволно персонал, а пациентите постојано пристигнуваат. Стануваше се полошо и полошо. Во истата болница почиnа д-р Ли Венлианг на 7 февруари, кој ја алармираше јавноста кого го цензурираа. Тогаш Ванг уште повеќе пропадна. Кога Ванг Феи влезе во здравствен систем било се пропаднато, вели сестрата.

Тој испратил пораки до својата сестра, напишал дека нема доволно персонал, дека нема кој вода да му даде зошто владеее гужва и хаос и условите се неподносливи и неиздржливи.

– Ако лекарот почиnа, кои се моите шанси? ѝ напиша тој на својата сестра.

Во меѓувреме додека Ванг Феи умира во болницата, на другиот крај на градот, постоеше теорија дека вирусот потекнува од лабораторија, од Институтот за вирологија во Вухан.

Главниот виролог во Институтот Ши Женли на почетокот на февруари, кога гласините дека вирусот потекнува од лабораторијата го достигна својот врв, таа напиша на социјалните мрежи:

„Јас, Ши Женли, се колнам во животот дека тоа не доаѓа од мојата лабораторија“.

Состојбата на Ванг Феи се влошува, бели дробови му се наполнат со течност и тој останал без кислород.

„Вирусот ме уbива“, ѝ напишал Ванг на својата сестра. Мојот пулс е 160, сатурацијата е само 70.

„Спаси ме, те молам. Ги гледам ѕвездите “ ѝ пишал во порака и почиnал неколку часа подоцна.

Последната порака тој ја испрати на 8 февруари. Г-ѓа Ванг ги сподели тие пораки на социјалните мрежи, со цел да ги предупреди нејзините сонародници и светот дека вирусот не е шега.

Повеќето кафулиња во Вухан сè уште се полупразни, како и рестораните. Сепак, велат тие, се променило и расположението на луѓето. Новинарите на Си-Ен-Ен забележуваат дека стравот сепак владее со Вухан.

Кога почина д-р Ли Венлианг, луѓето, бесни од цензурата, отворено зборуваа за тоа што се случуваше. Тие повторно се затворија денес.

– Покрај тоа, сега кружи заговор дека вирусот потекнува од Америка. Во исто време, Америка и остатокот од светот ја обвинуваат Кина за задоцнети реакции. Кина се обедини и работеше за да спречи епидемија. Вие странците не знаете како да се чувате – коментира локален продавач, јавува Си-Ен-Ен.

 

Поврзано

Back to top button