Реклама
Холивуд

Исплови шокантната вистина за најдобрата пријателка на Ким Кардашијан – се разведе и фати маж 22 години помлад од неа

Реклама

Оваа дама го живее животот со полни гради

Фото: Инстаграм/ Ларса Јунан

Ларса Јунан (45) до неодамна му беше сопруга на легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Скоти Пипен (53).

Но Ларса и Скоти решија да се разделат по 21 година брак во кој добија четири деца, а потоа поранешната манекенка заврши во бурна романтична врска со 22 години помладиот кошаркар од неа, Бен Симонс.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ларса Јунан

Нивниот брак се распадна бидејќи Ларса го обвини својот поранешен сопруг дека ја изневерува додека за себе вели дека тоа никогаш не го направила.

Фото: Инстаграм/ Ларса Јунан

„Луѓето велат дека сум го изневерувала, но верувајте јас тоа никогаш го немам направено. Тој никогаш не беше дома, океан солзи излеав заради него. За човекот за кого би направила сé на светот. Не ми е до парите, едноставно само него го имам целиот мој живот“, изјави Ларса.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ларса Јунан
Фото: Инстаграм/ Ларса Јунан

Но набргу по ова беше откриено дека Ларса всушност е во врска со колегата на Пипен. Имено, таа неодамна беше видена во еден клуб со Бен Симонс, 22 години помлад кошаркар кој во моментот игра за Филаделфија.

Фото: Инстаграм/ Ларса Јунан

Не е познато колку од 120-те милиони долари на Пипен завршија на контото на неговата поранешна сопруга. Но американските медиуми пренесуваат дека таа има 14 милиони долари што сама ги заработила од бизнисот независно од парите на нејзиниот поранешен богат сопруг.

Фото: Инстаграм/ Ларса Јунан

За време на нивната бракоразводна постапка поранешната сопруга на Пипен почна да ужива во животот како никогаш претходно и стана една од најдобрите другарки со најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан.

Поврзано

Back to top button