Исплови фотографија од снимањето на Преспав – еве што прават ПОПУЛАРНИТЕ убавици кога никој не ги гледа (фото)
Започна емитувањето на петтата сезона од македонската серија која ги освои срцата на сите гледачи – „Преспав“.
Уште од првата епизода од првата сезона, граѓаните многу убаво ја прифатиja и по завршувањето веднаш почна побарувачка за снимање на уште сезони. Токму големата популарност, ја натера екипата неуморно да снима и секоја година да ги изненадува гледачите со нова сезона. Актерите кои успеваат да ве развеселат и кога сте најтажни, а се присутни во сечиј дом преку малите екрани се , што самите велат, мотивирани од оѕидовот на публиката и не престанаа со работа дури и за време на пандемија.
Покрај веќе познатите ликови на Јелена (Јелена Јованова), Ула (Тијана Дапчевиќ), Коста (Игор Ангелов)Талат (Дритон Вејсели), Миле (Игор Џамбазов), Марио (Васил Зафирчев), Антонио (Игор Стојчевски), Инспектор Томе (Горан Стојановски) Исаура (Емра Куртишова) и Дончо ( Владимир Тулиев), сега имаме и нови ликови.
Владо Јовановски, кој во првата сезона го глумеше Миле, но поради учеството во инцидентите на 27. Април. 2017 година во Собранието на Македонија тој не беше во можбност да продолжи со снимање и неговата улога ја презема Игор Џамбазов. Јовановска во петтата сезона се врати како четврт брат на фамилијата Бузалески – Миле, Антонио и Коста.
Нов лик е и козметичарката Натали која ја глуми актерката Наташа Петровиќ
Преспав на сатиричен начин го отсликува секојдневието во Македонија, претставено со сите свои маани – балканскиот менталитет, желбата за влез во ЕУ, борбата за брза заработка, сплотеноста на вработените во борбата за нивните права и судирот со нивните газди.
Убавата драчевчанка Јелена дефинитивно стана омилен лик на сите кои ја следат серијата. Нејзината брзоплетост и снаодливост во дадени ситуации, ги засмева сите. Преку нејзиниот лик се отсликуива денешната младина, начинот на живот и музиката која е се популарна во денешницата.
Јелена Јованова е инаку мажена за Хрватскиот Актер Стјепан Периќ со кој живее во Загреб, а неодамна станаа родителите на нивниот син Јаков.
Силните земјотреси кои ја тресеа цела Хрватска ја потресоа и актерката која се огласи на социјалните мрежи и го откриниз што поминала:
-Живи и здрави сме. Психички се оштетив ми се чини за цел живот. Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре. Не можам на сите да пишам посебно. Неизмерно благодарам за вашата гриужа. Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров над глава! Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и ќе биде конечно добро!, напиша Јелена тогаш на својот профил на Фејсбук.
Сигурно дека за време на снимањето на „Преспав“ се случуваат многу анегдоти, а актерите кои долго време поминуват заедно, споделуваат и тажни и весели моменти.
Интересна фотографија од зад сцената сподели и актерката Амернис Нокшиќи, која гостуваше во серијата.
Амернис, Тијана, Јелена, Наташа и уште една девојка легнати на ист кревет, со насмевка на лицата покажаа како се забавуваат на паузите од снимањата.
Серијата има се поголема гледаност, верните фанови не пропуштаат ниту една епизода.
Останува неизвесно дали ќе има и шеста сезона.
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Преспав / Инстаграм
ФОТО: Инстаграм