Реклама
Холивуд

Исплови фотографија од Меган Маркл која досега никој ја нема видено

Реклама

Продуцентот и сценаристот Арон Корш, човекот кој е творец на популарната серија „Suits“, неодамна на социјалните мрежи објави досега необјавени фотографии со Меган Маркл.

„Млада Меган Маркл и Корш“, напиша тој на својот Твитер профил под фотографија направена на почетокот на снимањето на популарната серија.

Маркетинг

Серијата „Suit“ во кој глумеше војвотката од Сасекс пред да се омажи за принцот Хари почна да се снима во 2011 година.

Меган снимањето на серијата го напушти во 2017.

Маркетинг

Фановите на серијата не го криеја воодушевувањето од крајот на претходната сезона, односно од свадбата на Харви Спектар и Дона Паулсен.

„Најдобро финале што некогаш сум го гледала“, напиша една обожавателка. „Жал ми е за екипата од серијата ‘Suits’, никогаш нема да најдат работа со подобра гардероба, додаде друга.

Инаку, Меган неодамна се најде на удар од страна на јавноста во Британија токму поради нејзината облека.

Имено, војвотката беше критикувана дека носи прескапи парчиња и дека троши премногу пари за својот стил, по што таа објави едно трогателно видео во кое отворено зборуваше за тоа како се чувствува и какви притисоци има од страна на кралското семејство, но и од јавноста.

 

Имено, „ИТВ“ неодамна откри дел од документарниот филм кој ќе прикаже еден период од нивниот живот, а прв пат ќе биде прикажан во „Обединетото Кралство“.

„Било која жена кога е бремена е многу ранлива па навистина беше тешко. Посебно кога само што ќе го добиете бебето, посебно ако сте жена. Кога ќе го додадеме притисокот на тоа што се обидувате да бидете нова мама или само што сте се омажиле“, изјави Меган а потоа додаде:

„Ви благодарам на прашањето бидејќи не ме прашале многумина дали сум добро“. Таа на крај на новинарот и му призна дека не и е добро.

Поврзано

Back to top button