Исплови текстот – Луна Џогани својата прва песна му ја посвети на поранешниот? Се огласи и Слоба Радоновиќ!
За кого се зборува во нејзината песна?
Победничката на втората сезона од најгледаното ријалити шоу на овие простори „Задруга“, Луна Џогани, одлучи да заплови во музичките води. Во нејзината намера да стане пејачка поранешното момче Слоба Радовановиќ одлучи да и помогне и да ја научи да пее.
„На Луна и посакувам среќа во кариерата. Ми покажа дека има смисла за шоубизнис, не се сомневам дали ќе успее. Ќе ја научам да пее“ изјави пејачот со кого победничката беше во љубовна врска во првата сезона.
Нејзината мајка Анабел Атијас откри дека песните на Луна ќе бидат биографски, а според текстот на првата песна „Деветтиот круг од пеколот“, Џогани своето поранешно момче го опишува како грешка и адвокат на ѓаволот.
Но дали станува збор за Марко Миљковиќ или Слоба Радановиќ, младата блогерка се уште не сака да открие. „Хотелот е темен, тоа е влезот во гламурот, на ѕидовите твои слики, каква некултура. Бакшиш од нула е твоја кула, од овие пиони ти си главен лик. Те прашувам дали може моето тело да седне, душата ми стои бидејќи ролетните се спуштени. Толку пати без адути, за една минута пристига мојата жолта минута. Ајде подигни ме на тронот. И повторно ти, моја грешка, и повторно ти, мојот ѓавол со насмевка. За сите си кул, со сите си другар, адвокат на пеколот од деветтиот круг“, гласи дел од новата песна на познатата блогерка.