Реклама
Наши ѕвезди

Исплови стара фотографија, од денот на свадбата на Ленче и Горан – се ЗАЉУБИЈА на прв поглед, ги спои песната и кафеаната

Реклама

За Ленче и Горан Кукиќ од Струмица слушна целиот Балкан – тие се запознале кога таа имала само 15 години, и тоа во кафеана.

И тие се заедно повеќе од 30 години. Пред четири години Горан победи во СМС гласањето во шоуто „Никогаш не е доцна“, а потоа и Ленче. И двајцата живеат од музика и за музика, а по нивните стапки тргна и нивниот син.

Маркетинг

Може да се каже дека нашата љубов беше на прв поглед, бидејќи од моментот кога нашите погледи се сретнаа, и двајцата знаевме дека нешто ќе искрсне меѓу нас и не можевме да останеме рамнодушни, вели Ленче.

Тие се венчаа во 1996 година и живеат во Струмица. Нејзиниот сакан прв пат ја видел својата идна сопруга во кафеана.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

Таа тогаш имала само 15 години, пеела во ресторанот во кој што прв пат се сретнале, и само што влегувала во естрадните води.

Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ

Денес нивна најголема поддршка, но и сила им е нивниот син Иван (23) кој тргна по нивните стапки.

Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ

Тој свири на неколку инструменти, и е музички образуван, но прва и најголема љубов му е гитарата.bОд пред неколку години тој е дел од триото на Влатко Стефановски.

Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ

Ленче и Горан од венчавката работат заедно

Тие ја обожаваат песната на Зафир и Сенка Хаџиманов „Љуби ме и главата горе“, а како што вели Ленче, таа секогаш пее од срце и преку песна е дел од секое семејство. Нејзиниот сопруг по татко има српски корени, а македонски по мајка. Тој од нив ја наследил музикалноста.

Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ

Неговите родители се запознале на приредба на која неговата мајка пеела, а татко му свирел хармоника во војниот оркестар во Струмица. И тие се заљубиле на прв поглед и откако таткото завршил со војниот рок и по свадбата заминале да живеат во Србија, но пред да се роди Горан се враќаат во Струмица за мајка му да ги положи вонредните испити.

Фото: Гранд

И така се случило и тоа да се роди во овој град – тука биле нејзините родители, така што нивното останување се одложило, па во Струмица се родени и неговиот брат Зоран, кој е бас гитарист во бендот и сестра му Аница.

Горан Кукиќ (50) беше најгордиот маж на светот кога го слушна победничкото име на својата сопруга и колешка во финалната вечер.

Фото: Гранд

Во емисијата „Никогаш не е доцна“, Ленче ги освојува сите со својот феноменален глас и освојува најмногу гласови на Фејсбук како и најмногу бодови од стручното жиро. Меѓу првите и честиташе Жика Јаксиќ, па Саша Милошевќ Маре, кој е постојан член на жирито на овој натпревар, композитор, текстописец и фолк ѕвезда, како и останатите членови на жирито – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Драгана Мирковиќ која и ја даде победничката статуа.

Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ

Бендот на Горан „Јупитер“ постои од 1984 година и Ленче со него има настапувано од Вардар до Триглав, а по победата во „Никогаш не е доцна“, почнаа да добиваат понуди како за бројни настапи, така и за соработки и дуети.

Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ

И како што вели таа за српскиот „Блиц“, нејзиниот живот по победата не се променил за 180 степени.

Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ

Таа се уште секое утро го започнува со пиење шолја кафе со пријатен мирис , а тоа што денес многу повеќе ја препознаваат на улица, отколку порано воопшто не и пречи и одлично се носи со популарноста.

Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ

Таа е родена во Босилево. По осмолетката станува дел од бендот Пицикато, а од 1995 започнува соло кариера. Најмногу и одговара етно со поп мотиви, а како што самата знае да каже, музиката е нејзиниот живот.

Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Горан Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Фото: Фејсбук/ Ленче Кукиќ

Извор: Жена.Блиц, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button