Исплови стара фотографија на Цеца – куси шорцеви, адидас патики и необична фризура со каква досега никој ја нема видено
Познатата фолк-пејачка се потсети на едно свое старо патување
Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ често знае да се присети на своите денови од младоста.
Таа на социјалните мрежи често споделува фотографии од пред неколку децении, како и фотографии од детството на нејзините деца Вељко и Анастасија.
Таа деновиве повторно објави старите фотографии на Инстаграм, од времето кога нејзините деца се уште беа мали. Меѓу другото, таа се присети и на едно нивно заедничко одамнешно патување во Аргентина.
Цеца на фотографијата е со Анастасија и Вељко, поткачени на дрво, а познатата пејачка во тоа време носеше многу пократка фризура, во потемна нијанса.
Наскоро ќе стане баба
Инаку Цеца во едно од нејзините последни интервјуа истакна дека е пресреќна што наскоро ќе добијат принова во семејството. Сопругата на Вељко е бремена и носи машко дете, а како што тие самите открија неодамна, на детето ќе му го дадат името Жељко.
Цеца која одвај чека да стане баба, за медиумите изјави:
„Најважно е тоа што сите во семејството сме заедно, ние функционираме како една мала фабрика. Горда сум на Вељко, тој е вистински домаќин, спортиста и сигурна сум дека ќе биде феноменален татко. Доаѓањето на бебето ќе биде за нас најсреќниот ден следната година“, изјави таа.