Исплови ретка заедничка фотографија – саканиот на убавата македонска пејачка е вистински фраер
Викторија Лоба откри и дека има природна дарба за една работа
Важи за пејачка која плени со својата нежност, природен изглед и убавина.
Секогаш насмеана и ведра Викторија Лоба одговараше на прашања од фановите, па откри интересно детали за себе.
Со прекрасен глас, става и лице таа плени каде и да се појави, а сега откри со што би се занимавала доколку не е пејачка.
„Ако не би била музичар по професија, што би била?“ гласеше прашањето,а таа одговори:
„Готвач, дресер на кучиња, цвеќарка, психолог“ па додаде дека е доста и додаде насмеан емотикон.
Лоба е позната по љубовта кон кучињата и постојано објавува видеа со своето милениче Маша, па покажа дека навистина е умешна со дресирање на кучиња, а малата и преслатка Маша послушно кученце, па сè што Лоба и кажа таа изврши, а на крај си доби и награда.
Лоба неодамна беше и на летување во Грција па сподели и некои од највпечатливите и најинтересни моменти за неа.
Следуваше и прашање за љубовта на кое Лоба одговори со вистинска умешност.
„Љубов е … Секое изгрејсонце и зајдисонце. Љубов се очите на Маша. Љубов е прегратка. Љубов е поддршка. Љубов е во едноставноста на постоењето. Љубов сум јас, љубов си ти“ напиша Лоба чиј одговор прилегаше на поезија.
Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје.
Во музичките води запловува уште на најрана возраст, а во 2003 година во дует со Марија Арсова беа првите девојчиња што ја претставуваа Македонија на Детската Евровизија со песната „Ти не ме познаваш“, кога освоија 12 место.
Викторија е во врска со македонскиот бизнисмен Ѓорѓи Калешов, но сепак пејачката не се брза да ја официјализира со брак.
„Јас имам изградено став за семејството. Мојот став е дека кога две индивидуи ќе се сплотат во едно на емотивно, духовно и секакво можно убаво ниво, тогаш тие стануваат семејство. Потписот, како што сум кажала, никогаш не ми бил важен, е само формалност за еве да направиме некоја забава за сите наши најблиски и така натаму …“, рече таа.
Поради пандемијата, Ѓорѓи и Лоба мораа да ја одложат свадбената церемонија, па се надеваме дека наскоро ќе се решат да направат и свадба и да ја видиме Лоба во бело.
Фото: Инстаграм /Виторија Лоба
Фото: Инстаграм /Виторија Лоба
Фото: Инстаграм /Виторија Лоба
Фото: Инстаграм /Виторија Лоба
Фото: Инстаграм /Виторија Лоба
Фото: Инстаграм /Виторија Лоба