Испловија фотографии од Шехерзад и Онур кои никого не оставија РАМНОДУШЕН – цела Турција зборува за нивната љубов!
Бергузар Корел повторно ги изненади своите фанови
Познатата турска актерка Бергузар Корел минатата година беше во центарот на вниманието во турските медиуми – едни ја критикуваа дека по породувањето не води сметка за својот изглед, додека други ја бранеа.
Имено, Бергузер за време на летните денови уживаше со семејството на годишниот одмор и во таа пригода објави неколку фотографи на кои е во костим за капење и тоа само неколку месеци откако се породи.
Таа на фотографиите беше пресреќна и задоволна од себеси, но истите подигнаа голема прашина на социјалните мрежи заради нејзиниот изглед.
Тогаш многумина ја критикуваа што на нејзиното тело се гледа вишок килограми, настанати за време на бременоста.
Критиките според нас беа претерани, посебно што убавата Корел само четири месеци претходно по втор пат се оствари во улога на мама. Многумина ја критикуваа и заради целулитот, но за среќа имаше и многу фанови кои застанаа на нејзина страна и ја поддржаа актерката.
Но таа тогаш не беше премногу загрижена за негативните коментар, што можеме да видиме и од нејзините фотографии на социјалните мрежи. Имено, од нив можеме да видиме дека е пресреќна жена и дека ужива во мајчинството, а неодамна сподели и како изгледаше само неколку часа пред породувањето и повторно ги воодушеви своите фанови.
Таа ги откри и најмалите детали од породувањето, но и тоа дека нејзиниот сопруг Халит Ергенч цело време бил со неа.
Погледнете ги и сами фотографиите што покажуваат на извонреден начин како еден живот доаѓа на овој свет.
И запрашајте се дали неколку килограми вишок, или некој грам целулит, по сето ова може да преставува проблем или само најсовршени спомени на нешто најубаво што ви се случило во животот.
„Драг сине, мое сонце… Ова го правам со твоја дозвола. Денес имаш 11 години. Со доаѓањето на овој свет, како млада жена, ме натера да го почувствувам мајчинството, што можеби е и најголемата причина за моето постоење во овој живот. Ме промени со огромна среќа, па со ваквото чувство кое никогаш порано го немав почувствувано, се трансформирав и растев“.
„Секој ден со тебе научив нешто ново. Ти благодарам за тоа. Ти ги бакнав трепките кога ги отвори тие преубави пчи во 22.38 часот пред 11 години. Тогаш ме погледна во очи и не плачеше. Ти посакувам здравје, радост и среќа за време на целиот живот, секогаш погледни ме во очи кога и да имаш потреба.
„Господ да те благослови“, пишува Шехерзад во емотивната порака што ја сподели со преубавите фотографии.
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел