Исплива стара фотографија од детството на Тоше што ги расплака сите: „Почивај во мир, ангелу наш!“
Еве како изгледаше непрежалениот пејач како дете - да беше жив денес ќе го славеше 43-от роденден
Музиката ја сакаше од најраното детство
Легендарниот Тоше Проески беше еден од најголемите поп-ѕвезди во регионот кој зад себе остави бројни хитови.
Неговиот живот трагично згасна во 2007 година во тешка сообраќајна несреќа, а да беше жив денес ќе го славеше 43-от роденден.
Тоше е роден на денешниот ден 1981 година, а загина во тешка сообраќајка која се случи на 16 октомври во раните утрински часови, во близина на местото Нова Градишка, во Хрватска.
Принтскрин/ Јутјуб
Тоше тогаш имаше 26 години, но иако беше млад веќе важеше за една од најголемите ѕвезди во регионот.
Со пеење почнал да се занимава кога имал десет години, а со својата посебна боја на гласот проследена со силни на со силни емоции, лесно се избори за статусот миленик на просторите од Вардар до Триглав.
Со својата насмевка и вокални способности ги освојуваше сите, а го сакаа и заради неговата неверојатна скромност.
Принтскрин/ Јутјуб
„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете“, се негови зборови кои и денес живеат во сите оние што го познаваа.
А колку Тоше беше сакан и почитуван зборува и една негова стара фотографија, која беше објавена на неговиот роденден, а на која можеме да видиме како македонскиот ангел изгледал како дете.
Фотографијата веднаш привлече огромно внимание на социјалните мрежи, за што зборува и бројот на коментари и лајкови.
„Нашиот ангел“, „Вечна слава ангелу“, „Почивај во мир, ангелу наш“, „Вечна слава сонце мило“, беа само некои од коментарите под оваа објава на неговиот профил на Фејсбук, а не изостанаа и илјадници емотикони со солзи.