Реклама
Наши ѕвезди

Исплива „шок“ фотографија од Спасен Сиљаноски како со тупаница го „удира“ својот драг колега (фото)

Познатиот пејач сподели една нивна заедничка фотографија со која што ги изненади колегите

Реклама

Пејачот Спасе Сиљаноски на својот Инстаграм профил објави фотографија со која ги воодушеви своите бројни фанови.

Оние што го следат на социјалните мрежи беа изненадени од тоа со кого Спасен е на фотографијата, но и што прават.

Имено, познатиот фолк-пејач објави фотографија на која му „удира“ тупаница на својот помлад колега Методија Столески.

Маркетинг

Фотографијата е црно-бела и е проследена со музика од Пинк Пантер, па пејачите на неа изгледаат како излезени од некој стрип.

Маркетинг
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Истата секако дека е направена во шега, што само кажува каков пријателски однос имаат Спасен и неговиот помлад колега.

Потсетуваме, Методија е млад пејач од Струга кој со својот талент и специфичен глас ги воодушевува сите.

Инстаграм/ Методија Столески

Тој во последно време се почесто се појавува и со колегите во „Мерак меана“, а познат е и на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Методија Столески

Имено, Методија на профилите на Инстаграм и Фејсбук често објавува снимки на кои пее македонски песни, а овие негови снимки имаат голем број прегледи и предизвикуваат воодушевување кај сите.

Некои од нив погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button