Исплива фотографија со која Спасен Силјаноски ги запрепасти фановите – ќе се изненадите
Хит фотографија на Спасен Силјаноски од младоста
Нема да го препознаете
Кичевскиот славеј, Спасен Силјаноски, важи за еден од омилените пејачи на народна музика во Македонија.
На неговите настапи секогаш е весело и публиката ужива во неговите песни, а поприлично е популарен и на социјалните мрежи.
Имено, неговата песна „Ќе ти дојдам вечер“ дефинитивно е една од најслушаните и најпопуларните фолк-песни и тоа не само кај нас, туку и во регионот, посебно на ТикТок каде има илјадници клипови на кои се слушаат неговите стихови.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Тој од неодамна е и водител во емисијата Везилка, каде гледачите исто така можат да уживаат во неговите изведби.
Но и покрај големата популарност на овој наш пејач, многумина го почитуваат и затоа што е скромен човек кој воопшто себеси не се смета за некоја голема ѕвезда, а дека тоа навистина така може да се заклучи и од неговите профили на социјалните мрежи каде често споделува моменти што не се својствени за повеќето наши ѕвезди и ѕвездички. Имено, тој на Фејсбук често ги коментира политичките случувања, но покрај сериозните теми, знае да објави и по некоја фотка со која ќе ги расположи своите верни обожаватели.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Така беше и сега, кога објави една фотографија од неговата младост на која многумина не можеа да го препознаат.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Имено, на фотографијата Спасен е со долга коса, а како изгледаше во оваа негова фаза погледнете во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
„К’о мислев дека сум Тарзан“, напиша Спасен шегувајќи се на своја сметка под фотографијата на социјалните мрежи.