Исплива фотографија постара од 30 години – еве како Цветанка Ласкова изгледала во својата младост
Нема да ја препознаете во ова издание
![](/wp-content/uploads/2024/09/cvetanka-laskova-780x467.jpg)
Кога се појави на сцената важеше за една од омилените пејачки
Пејачката Цветанка Ласкова (69) долги години важеше за една од омилените фолк-пејачки на македонската музичка сцена.
Цветанка следната година ќе го прослави својот јубилеен 70-ти роденден, а на музичката сцена се појави во далечната 1973 година како пејачка на народна и забавна музика.
Нејзината песна „Момчето со мандолината“ испеана со легендарниот Јанко Узунов во 1976 година се уште се врти по радиостаниците, а во текот на својата кариера има уште многу други хитови.
Фејсбук/ Цветанка Ласкова
Кога се појави на сцената важеше за една од најубавите и омилените пејачки, која со својот шарм и убав глас веднаш го привлекла вниманието.
Во текот на својата кариера се има појавено на бројни фестивали, а во 2023 година на Роса фест ја доби наградата за животно дело.
Принтскрин/ Јутјуб
Како што самата изјави во една пригода за Гламур магазин, на сцената отсекогаш се чувствувала како „риба во вода“, а големо задоволство и причинува и хуманитарната работа за која во 2008 година го доби и признанието Мајка Тереза кое се доделува на денот на раѓањето на ова позната католичка светица.
За Цветанка многумина велат дела во текот на нејзината кариера не се променила многу, а денес на социјалните мрежи знае одвреме-навреме да сподели фотографии и со своето внуче Виктор.
Потсетуваме, Цветанка долги години беше во брак со музичарот Мишо Кан, а плод на нивната љубов е нивниот син Горан Кан.
Фејсбук/ Цветанка Ласкова
Нејзиниот сопруг по осум години борба со тешката болест почина во 2008 година, а Цветанка со него ја отвори и продукциската куќа Кан.
Принтскрин/ Јутјуб
И како што вели самата, Цветанка денес е една обична сосема нормална жена, која најмногу ужива кога си игра и учи со внукот, кога со синот ја преслушува музиката што тој ја компонира, но и кога се дружи со своите најблиски, како и со другарките кои исто така никогаш не ги заборава (интервјуто со Цветанка прочитајте го тука).
Фејсбук/ Цветанка Ласкова
А како Цветанка изгледаше некогаш, на почетокот од својата музичка кариера, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Јутјуб
Принтскрин/ Јутјуб