Исплива фотографија заради која многумина ќе останат без здив – сопругата на Никола Груевски во преубава венчаница
Како принцеза од бајките!
Сопругата на поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, Боркица Груевска, има префинет и одмерен стил.
Но и покрај тоа што нејзиниот сопруг долги години беше една од најпознатите и највлијателните политички фигури во Македонија, а најверојатно и на Балканот, малкумина ја имаат видено во едно вакво бајковито издание.
Имено, сопругата на поранешниот премиер блескаше кога застана на лудиот камен и се ожени со Груевски.
Таа за таа пригода носеше класична бела венчаница од модната креаторка Зијане, со интересен детаљ на половината зачинет со сини кристали и корсет со тенки прерамки, додека младоженецот носеше класичен црн костум.
Боркица кога го кажа своето судбоносно „да“ и се заколна на вечна љубов имаше 24 години. Тие се венчаа во Соборниот храм во Скопје, во 2007 година, а на Груевски ова му е втор брак.
На нивната свадба блескаа и многу познати дами и сопруги на познати политичари, а меѓу нив и сопругата на Сашо Мијалков, примабалерината Александра Мијалкова.
Боркица изгледаше како принцеза од бајките во убавиот невестински фустан и го носеше на спектакуларен начин.
Таа целото издание го зачини со сведена фризура и шминка, како и со нејзината прекрасна насмевка.
Нејзиното бајковито издание ги маѓепса сите, а фотографиите од овој настан и ден-денес кружат на интернетот.
Инаку, Груевски денес не живее со неговото семејство.
Тој по смената на власта и бо-мбите на неговиот политички ривал Зоран Заев се најде во немилост и кај судските органи.
Покренати се повеќе постапки против него, а за некои од нив веќе е и осуден, иако е недостапен за судските органи.
Тој во 2018 година избега во Унгарија, каде живее и ден-денес со километри далеку од своите најблиски.
Од тогаш и Боркица речиси воопшто не се појавува во медиумите, иако и претходно многу ретко можевме да ја видиме во јавноста, но затоа секое нејзино појавување не поминуваше незабележано.
Таа е успешна и образувана млада дама, а нејзините пријатели ја опишуваат како скромна жена и грижлива мајка.
Таа се уште нема свој профил на социјалните мрежи, за разлика од Никола, кој е и поприлично активен.
Поранешниот македонски премиер на својот профил најчесто ги коментира политичките случувања во нашата земја и дава свое видување во врска со судските процеси покренати против него, а судејќи според коментарите, тој се уште е поприлично популарен кај неговите поддржувачи.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од неговиот профил на Фејсбук…
На крајот од галеријата погледнете го и кусото црно фустанче со кое Боркица се појави на приемот кај Барак Обама…
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски