Наши ѕвезди

Исплива стара фотографија со Тоше Проески и Андријана Јаневска – прекрасни спомени од едно друго време

Насмеани и распеани, а со нив уште една наша голема ѕвезда

Advertisement

Оваа фотографија ги воодушеви сите кога прв пат се појави на социјалните мрежи

Тоше Проески беше и остана една од нашите најголеми музички ѕвезди, а оние што го познаваа нема никогаш да ги заборават моментите поминати со него. Многумина за Тоше сведочат дека бил човек каков се раѓа еднаш во сто години, кој никого не оставал рамнодушен со својата добрина и скромност, и покрај тоа што бил еден од најпопуларните пејачи.

Advertisement

Една од нив е и нашата пејачка Андријана Јаневска која цел живот ќе се сеќава на другарството што го имала со Тоше.

Тие беа мошне блиски за што всушност сведочи и една стара фотографија што Андријана самата ја објави во една пригода.

Advertisement
Инстаграм/ Андријана Јаневска

Фотографијата е направена на нивното заедничко патување во Австралија, а со нив е и пејачката Каролина Гочева.

Бројните фанови на Андријана беа пријатно изненадени што ги гледаат овие наши ѕвезди во едно вакво пријателско издание.

Впрочем за тоа зборува и Андријана во пораката што ја сподели со овој нејзин спомен од нејзината приватна архива.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

„Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше“, напиша Андријана потсетувајќи дека фотографијата е направена во 2000 година, во Сиднеј, Австралија, кога насмеани и распеани оделе да гледаат кошаркарски натпревар на Олимпијадата.

Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, оваа сабота во Крушево ќе се одржи концерт посветен токму на Тоше Проески и неговиот последен концерт.

Овој настан насловен како „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ се одржува традиционално од 2008 година, а оваа сабота неговите најголеми хитови ќе ги пеат Ламбе Алабаковски, Антониа Гиговска, „Некст тајмс“, Ребека, Немања Радошевиќ, Ангела Нунковиќ, Мартинјан Кириловски, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Инвиктус бенд, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button