Исплива стара фотографија од Елена Ристеска – еве како изгледала шармантната пејачка пред 15 години, ќе се изненадите
Ја запознавме како малото слатко девојче, со пругасти чорапчиња кое за првпат се појави пред јавноста на музичкото-реалити шоу – Плеј – потрага по ѕвезди.
Нејзиниот деби сингл „Она Другото”, ремек дело на Дарко Димитров и Александар Ристовски Принц веднаш стана голем хит во Македонија.
За кратко време се здоби со огромна популарност, со која и ден денес одлично се носи.
Елена Ристеска денес зад себе има импознатна кариера, многу усоеани хитови, многу концерти со полни сали и настапи на кои секогаш било преполно.
Пејачката е родена на 27 април 1986 во Скопје. Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.
Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор.
Како нејзин најголем усоех се смета и победата на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“ во 2006 година.
Со извојуваната победа таа го добива правото да ја претставува Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција. Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 мај 2006) кои обезбедуваат пласман на финалната манифестација.
Во финалето одржано на 20 мај 2006, Елена доби 56 бода и го освои 12-то место.
Дванаесеттото место долго време беше најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освои седмото место.
Елена деновиве се потсети на тој настсп, па на Инстаграм сподели и фотографија од Евровизија која досега јавноста ја немаше видено.
Заедно со неа како придружни воксли беа пејачките Александра Пилева и Маја Саздановска.
„Еден од моментите од Евровизија кој е вистински благослов. Сите очи вперени кон мене и моите девојки, назад во 2006 година во Атина, Грција. Во овој момент уловен на фотографијата има 11 микрофони, 11 телевизии, повеќето од нив грчки и странски медиуми”, стои во опис на фотографијата.
Очигледно дека кај пејачката се појавила некија носталгија кон минатото време, кога напорно работеше на својата музичка кариера.
Периодов повеќе се посвети на својата козметичка линија, но сега откако полека спласнува епидемијата, таа започна и со настапи.
Деновиве на Инстаграм сподели фотографија направена пред пет години, на промоција на нејзиниот албум “Без шминка”, па ги запраша своите фанови дали сметаат дека е време за таа да објави и нешто ново.
Се разбира дека публиката желна за нејзината музика ѝ одговори потврдно. Нејзините фанови со нетрпение очекиваат нешто ново од Елена која долго време нема објавено нова песна.
До тогаш останува да уживаме во нејзините безвременски хитови.