Реклама
Вирално

Исплива стара фотографија од еден од ОМИЛЕНИТЕ МИНИСТРИ во Македонија – погледнете, нема да го препознаете!

Реклама

Со почетокот на коронакризата министерот за здравство Венко Филипче стана еден од најпопуларните политичари во земјава.

Во екот на пандемијата илјадници Македонци ги следеа неговите прес конференции и чекаа да ги слушнат неговите препораки.

Маркетинг

Неговото лице на сите ни е добро познато, но на социјалните мрежи се појави фотографија од Филипче на која е тешко да се препознае дека станува збор за истиот човек.

Станува збор за фотографија кој тој ја објавил пред 13 години, а на која се гледа неговата виткана коса која денес не е својствена за него.

Маркетинг

Фотографијата очигледно е направена некаде во странство најверојатно за време на студентските денови.

Средното училиште го завршува во 1995 година. Венко Филипче дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година. Неговата специјализација по неврохирургија започнала во 2003 а завршила во 2008 година. Во 2004 година бил избран за асистент на факултетот.

Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација, насловена „Евалуација на адекватен тајминг за третман на руптурирани интракранијални аневризми“ во 2015 година.

Пред да стапи на министерската функција бил советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Тој е оженет и има син кој се вика Иво.

Филипче во едно кратко интервју откри и дека како татко не е строг и дека без својот син тој не е тој.

Во интервју „Еден на еден“ Филипче откри дека е ранобудник.

„Станувам околу 4-5 наутро и рано легнувам. Така сум попродуктивен“, рече тој во интервјуто со Жаре.

Со оглед дека пандемијата сè уште трае нема сомнеж дека министерот има полни раце работа.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче
Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button