Исплива стара слика од Благоја Грујовски што многумина изненади – прегратки што не се збораваат (фото)
Пејачот Благоја Грујовски е голем пријател со сите колеги, но ова пријателство нема никогаш да го заборави
Благоја Грујовски важи за еден од нашите најдобри фолк изведувачи, но и еден од омилените посебно кај женската публика.
Тој е присутен на сцената веќе повеќе од три децении, а како што многумина велат за него, тој е македонскиот Дoријан Греј.
Имено, за пејачот времето како да застанало, па тој и сега, во својата седма деценија од животот изгледа феноменално.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Благоја како да му пркоси на времето и тоа не само со својот физички изглед туку и со својата енергија со која што блеска каде и да се појави, а сите знаеме и дека важи за еден од омилените пејачи како меѓу своите колеги музичри, така и меѓу новинарите.
И токму затоа Благоја има бројни соработки со голем број наши познати музичари, а колку сите го почитуваат можевме да видиме и неодамна, на промоцијата на новиот спот за песната „Мој пријателе“ која што Благоја ја изведува заедно со својот драг колега Гоце Пејковски, а кога воедно го прослави и својот 62 роденден.
Инстаграм
На роденденот беа присутни голем број наши познати музичари, а најемотивен беше моментoт кога го изненадија со торта.
Инстаграм
Следуваа и бројни честитки на социјалните мрежи, а исплива и една стара фотографија на која Благоја е со уште една наша голема фолк легенда, но која за жал не напушти во 2014 година.
Станува збор за Војо Стојаноски, еден од најголемите македонски пејачи на народна музика на сите времиња.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Фотографијата е од 2011 година и се уште стои на Фејсбук профилот на Благоја впрочем како и бројни други фотографии со колеги.
Принтскрин/ Јутјуб, МРТВ
Ва кажува многу за тоа каков човек е Благоја, како што впрочем зборуваат за неговата големина и сите оние што го познаваат.
Потсетуваме, Благоја својата кариера ја започна во 80-те и 90-те години заедно со групата Мераклии, а во 1993 година на „Фолк-фест Цветници“ со песната „Туѓино јабано“ кога Благоја преку ноќ станува познат.
И како што самиот вели за овој период, по успехот на оваа негова песна, а потоа и на „Јанинка“, тој и се збогува од својот удобен анонимен живот, па ова е пресвртницата кога одлучува да продолжи да се занимава само со музика и да и се посвети нераскинливо на македонската народна песна.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Благоја во младоста, со своите колешки
Благоја денес ужива во бракот со неговата сопруга Ирена со која се ожени во 2009 година, а круна на нивната љубов е синот Марко.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Пред Ирена, Благоја беше во брак со познатата водителка Татјана Стојановска со која исто така има син, Матеј.