Исплива снимка со Гавазова од 90-те години, нема да ја препознаете – ова е нејзиниот прв настап
Еве како изгледала пејачката кога имала само 19 години
И најголемите фанови нема да ја препознаат во ова издание
Пејачката Сузана Гавазова денес важи за една од нашите најголеми фолк-ѕвезди, а нејзините песни имаат милионски прегледи.
Таа е една од ретките наши пејачки чии спотови ги достигнуваат овие бројки, а нејзиниот голем хит „Бум, бум“ е една од најпопуларните и најгледаните македонски фолк песни на Јутјуб.
Пејачката во декември ќе наполни 45 години, а на музичката сцена е присутна речиси цели три децении.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но денес малкумина се сеќаваат на нејзините почетоци со групата Пицикато кога заради името на бендот ја викаат Сузе Пицикато.
Прв пат на голема сцена се појавува во 1998 година на Фолк вест Валандово, со песната „Ако ако, нека нека“.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова тогаш имаше само 19 години, а со својот атрактивен изглед пејачката веднаш ги украде сите симпатии по што следуваа бројни гостувања на разни фестивали и малите екрани.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова потоа уште неколку години ќе продолжи соработката со Пицикато, а во 2004 година го има својот прв соло настап.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, таа ќе настапи повторно на истата сцена во Валандово, со композицијата „Немирка“, по што продолжува со својата соло кариера.
Следуваат бројни награди и гостувања, како во Македонија, така и во сите земји во кои што живее нашата дијаспора.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова денес важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки, а покрај својата соло кариерата често настапува и со различни бендови како Балкан бенд, Група Академци, група Друм Тим, Молика и многу други.
Како изгледаше пејачката на својот прв настап на Фолк фест Валандово пред повеќе од две и пол децении, погледнете во продолжение…