Исплива снимка на која пејачот Харис Џиновиќ по разводот бакнува друга жена – Мелина ја нема никаде?!
Нивните фанови воодушевени од видеото

Пејачот направи луда забава
Пејачот Харис Џиновиќ организираше голема прослава во неговиот дом за Рамазанскиот бајрам на која беа бројни гости.
Меѓу нив имаше и многу познати лица, а меѓу најпознатите беше неговата колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Забавата траеше до доцните ноќни часови, а во еден момент Цеца и Харис заедно го запеаја неговиот хит „Како ми недостајеш“.
Фото: Инстаграм
И бидејќи пејачот од неодамна е разведен, оваа снимка веднаш привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Но покрај ова видео, на социјалните мрежи се уште се врти и снимката што ја објави Цеца, а на која се гледа како легендарниот пејач ја бакнува во образот, покажувајќи колку драга личност е таа за него.
Фото: Инстаграм
„Еве вака мојата љубов и јас славиме Бајрам. Сите да се живи, здрави и среќни“, порача Цеца додека Харис цело време беше насмеан покрај неа.
Фото: Инстаграм
Пејачката во еден момент се фати и за микрофонот, а ќерката на Харис ја снимаше додека ја пее песната „Кукавица“.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ ставија точна на својот брак.
Фото: Инстаграм
Тие 22 години живееја заедно, започнувајќи ја нивната емотивна врска во 2002 година од која добија две деца, ќерката Џина и синот Кан.
Фото: Инстаграм
Тие долги години го славеа Рамазанскиот бајрам заедно во нивната вила во која традиционално ги канеа пријателите на вечера.
Фото: Инстаграм
Но откако Мелина замина од нивниот дом, Харис очигледно реши сам да ја продолжи нивната традиција.
Фото: Инстаграм
Бонус видео