Исплива скандалозно видео со МАЛОЛЕТНИОТ СИН на фолкерката – сите во шок, но не и пејачката
По скандалозното видео во кое се гледа како 15-годишното момче вози бесна машина се огласи и пејачката
Пејачката го брани својот наследник
Познатата фолк-пејачка Дара Бубамара со поранешниот сопруг Милан Кесиќ го има синот Коста кој се роди во 2009 година.
Но неговата последна објава на Инстаграм предизвика голем скандал, заради што многумина ја критикуваат и пејачката.
Имено, Коста иако има само 15 години, во рамките на своите Инстаграм приказни сподели како вози автомобил од марката „мерцедес“, додека во позадината се слуша гласна музика пуштена на најјако.
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
Видеото веднаш предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи и многумина се согласни дека ова ги минува сите граници.
Фото: Инстаграм/ Коста Кесиќ
По скандалозното видео се јави и Дара, која истакна дека автомобилот не го возел нејзиниот син, туку негов другар.
По бројните критики, таа се огласи и истакна дека не гледа никаков проблем и дека познава многу малолетници што знаат да возат автомобил, но овој пат не возел Коста.
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
„Возеше другарот на Коста кој има 18 години и има возачка. Тие двајцата одеа до градот и Коста го сподели видеото бидејќи автомобилот е на мама, каква врска има тоа, бог да чува?!“
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара
„Народот веднаш нападна како Коста да го возел автомобилот. Зошто мора да значи дека тој возел? Можеби објавил туѓо видео, на пример на својот татко, чиста глупост. Знам многу момчиња што возат автомобили по градот, а имаат 15, 16 години, па никому ништо“, вели Дара.