Реклама
Вирално

Исплива ново шокантно видео во врска со убиството на МАЛАТА ВАЊА – Палчо и таткото се познавале одамна?!

Многумина се прашуваат која е врската помеѓу жртвите и осомничените, а одговори бара и мајката...

Реклама

Целиот регион е потресен од злосторството што се случи во Македонија

Најпрво цела држава се крена на нозе во потрагата по малата Вања Ѓорчевска (14) кога нејзина мајка објави на Фејсбук дека е исчезната неколку часа откако го пријавила случајот во полиција.

Таа исчезна на 27 ноември во раните утрински часови, на патот кон училиштето и цели седум дена немаше никаква вест за неа.

Маркетинг

Но по седумдневната истрага полицијата го пронајде безживотното тело на малото девојче и тогаш следуваше шок за јавноста.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Најпрво преку соопштение, а потоа и на прес-конференција беа изнесени детали кои ја шокираа целокупната јавност и тоа не само во Македонија, туку и во земјите од регионот

Покрај телото на Вања во истрагата беше пронајдено уште едно тело, на Панче Ж. (74) од Велес, кој беше пријавен за исчезнат неколку дена пред да се случи грабнувањето на малото девојче.

Како што открија од полицијата, велешанецот бил убиен од истата група, а потоа неговиот автомобил бил користен за да се грабне Вања.

Фото: Принтскрин/ Портликс

Овие информации во истрагата ги откри еден од осомничените, кој исто така е од Велес и кој се познавал со убиениот Панче.

Фото: Гугле мап

Според изјавите на овие лица, извршител и на двете ладнокрвни убиства е Љупчо Палевски во јавноста познат како Палчо.

Тој на 30 ноември ја напуштил државата, а по неколку дена откако беше издадена потерница по него, беше уапсен во Турција.

Фото: Фејсбук

Палчо го познавал фризерот?

Како што објавија некои наши медиуми, но и медиумите во соседството, фризерот од Велес наводно се познавал со Палчо.

Тие наводно некогаш копале заедно злато, за што Палчо и беше фатен пред неколку месеци и тоа со пиштол што го носел без дозвола.

Имено, тој имал дозвола за поседување на ова оружје, но не и за носење, по што добил кривична пријава од полицијата.

Фото: Фејсбук

Според информациите што ги објавија некои медиуми, но и според голем број шпекулации што овие денови испливаа на површина, Палчо кој е посочен како извршител на овие монструозни убиства, не само што го познавал фризерот, туку го познавал и таткото на убиеното девојче Александар, а најверојатно и неговите ќерки бидејќи имал деловен простор во зградата во која што живеела Вања со нејзината мајка и две години помала сестричка (види тука).

Некои медиуми објавија и дека Палчо наводно го познавал и дедото на девојчето, и дека зградата во која што се случи грабнувањето всушност ја направиле заедно. Но овие информации досега не се објавени од нашата полиција, туку се шират на социјалните мрежи, а истите ги објави и детективот Браца Здравковиќ на својот канал на Јутјуб. Имено, тој објави видео со анализа за целиот случај насловено како „Вања Ѓорчевска жртва на пеколни монструми“ во која јавно зборува за врската меѓу Палчо и семејството на жртвата.

Не знаеме дали овие информации се точни или не, но само сакаме да го поставиме прашањето, зошто изјавите околу целиот случај од страна на обвинителството и Министерството за внатрешни работи се толку штури што кај многумина дополнително создаваат недоверба во институциите?

Нашата јавност, па и јавноста во регионот бара одговори на многу нелогичности поврзани со овој монструозен случај, кои доколку бидат навремено соопштени, нема да дадат простор за ширење вакви и слични дезинформации што се шират на интернет.

Но наместо одговори, добиваме партиски препукувања во кои главните партии се обвинуваат меѓусебно во врска со тоа кој повеќе „шурувал“ со првоосомничениот, дополнително создавајќи немир кај населението.

Фото: Фејсбук

А одговори не бара само јавноста, туку и мајката на жртвата која скршена од болка сака да дознае зошто е убиена нејзината ќерка. Но одговорот на ова прашање, за жал, се уште го нема…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button