Реклама
Наши ѕвезди

Исплива невидена фотографија од младоста на Мики Секуловски – без брада, ќе се изненадите

Еве како изгледал пејачот пред десетина години

Реклама

Посветеноста кон музиката очигледно му се исплати

Популарниот Мики Секуловски кој повторно дојде во центарот на вниманието со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои второто место, веќе одамна е присутен на нашата музичка сцена.

Неговата кариера започна со првиот Македонски идол, каде исто го освои второто место, а потоа следуваа и неколку песни.

Маркетинг

Тој пред десетина години се појави и на фестивалот Макфест, со песната „Како да преживеам“, а на неговиот профил на Фејсбук се уште стојат фотографии од ова време од кои може да видиме како изгледал тогаш.

Маркетинг
Инстаграм/ Мики Секуловски

Од оваа фотографија од 2014 година се гледа дека Мики физички не е изменет многу, само што тогаш немал брада.

Фејсбук/ Мики Секуловски

На Јутјуб го има и видеото од неговиот настап на Макфест, а некаде од ова бреме е и песната „Нена“ која специјално за Мики во тоа време ја напиша Калиопи, која претходно беше дел од жирито на Идол.

И оваа песна своевремено беше хит и се вртеше по радиостаниците, но Мики и покрај популарноста што ја имаше по неколку години реши да се повлече, а потоа замина во Белгија.

Повторно идол

Мики од Македонија замина заради семејни проблеми, па како што самиот откри во една пригода, работел како келнер во Белгија.

По смртта на неговиот татко, Мики решава да се врати во својот роден град, но и да ги послуша советите на својата мајка да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“ по што животот потполно му се менува.

Мики сега повторно е на врвот од својата слава, публиката го обожава, а сите се нестрпливи да ја слушнат и неговата нова песна.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Имено, Мики по големиот концерт што го одржа во Велес и презадоволен од тоа како беше дочекан од своите сограѓани откри дека новата песна планира да ја промовира на почетокот на септември.

Инстаграм/ Мики Секуловски

„Многу сум задоволен како ме дочека народот и ми беше чест и задоволство да пеам за нив. План ми е својата нова песна да ја промовирам на почетокот од септември“, изјави Мики тогаш откривајќи дека има неколку понуди од различни автори така што му треба малку време да одлучи која песна да ја избере.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button