Реклама
Вирално

„Исплива“ видео со Јане Ченто од злогласниот затвор – погледнете што прaви, пораката е повеќе од јасна

Ни правда, ни мир, ни бутур...

Реклама

Ќе има ли конечно правда во Македонија?

Не требаше многу да помине по објавата на видеото на Бојан Јовановски кој гостуваше во подкастот кај јутуберот Стефан Лазаров, да се огласи и Јане Ченто. Но овој пат Јане кој беше осуден на 15 годишна затворска казна за тероризам по настаните во Собранието на 27 април (според многумина неправедно!), не се огласи заради снимката во која Боки обвинува дека судската пресуда била наместена и однпред донесена, туку заради победата на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, на Фејсбук страницата „Слобода за Јане Ченто“ се појави видео од кое можеме да видиме како Јане ја слави победата додека во позадината се слуша химната на неговата политичка партија.

Маркетинг

Снимката веднаш предизвика големо внимание, впрочем како и сите останати објави на оваа Фејсбук страница.

Маркетинг

Потсетуваме, Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за “терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот 27 април поврзан со упадот во Собранието.

Токму овој процес деновиве повторно стана актуелен откако контроверзниот Бојан Јовановски во подкастот кај Стефан Лазаров изнесе обвинувања кон член на судот кој тогаш беше на висока позиција, дека пресудата ја донеле однапред, под влијание на политичките фактори кои биле на позиција на власт во тоа време.

Фото: Фејсбук/ Слобода за Јане Ченто

Дали ова ќе биде доволно овој судски процес повторно да биде ставен под лупа и евентуално да има ново, фер судење за осудените, посебно под притисок на јавноста и доколку победи ВМРО-ДПМНЕ, останува да видиме, но според она што Јане исто така го сподели вчера, голема е веројатноста и тоа да се случи.

Фото: Фејсбук/ Слобода за Јане Ченто

Имено, под една негова објава на која е со Христијан Мицковски, пишува дека му било ветено дека ќе има правда за сите.

„Се сретнавме и ми кажа, Јане народот стои зад нас, ќе има правда за сите, оние што се погрешиле пред законите ќе одговорат. Македонија мора да ја направиме правна држава, мора економски да ја поправиме….. Христијан е човекот од збор! Македонија ќе победи и МОРА ДА ПОБЕДИ! Претседателе Македонија е со Вас!“, пишува во објавата на страницата „Слобода за Јане Ченто“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button