Исплива видео од луксузиот дом на Цеца во Белград – овие шокантни детали ќе ве остават без зборови
Цеца во вакво издание не сте ја виделе
Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ по трет пат се остварија во улога на родители.
По тој повод беше организирана голема прослава во домот на Цеца на која присуствуваа бројни познати лица.
Една од нив беше и кумата на Цеца, Вики Миљковиќ, која на својот Инстаграм сподели неколку интересни моменти од прославата.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Од овие снимки можеме да видиме дека прославата беше на ниво, но и како бабата се радува на приновата во семејството.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Пејачката ги изненади сите и со опуштеното издание со кое претходно пристигна во породилното, но кое го носеше и на прославата.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
И покрај тоа што на прв поглед изгледа скромно и едноставно, сепак во прашање се скапоцени детали кои вредат повеќе илјади евра.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
На пример само чантата што Цеца ја носеше тој ден со себе е од светскиот бренд „Хермес“ на која просечната цена е околу 15.000 евра.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Од друга страна и фармерките се од познат бренд, „Ботега Венета“ и чинат околу 1000 евра, додека очилата се од „Мајкл Корс“.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Пејачката на нозете носеше папучи од „Баленсијага“, додека на рацете „Ролекс“ кој исто така чини неколку десетици илјади евра.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца во ова издание се појави и на прославата, а интересно е и тоа што пејачката многу слично издание носеше и во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, Ражнатовиќ тогаш носеше иста маичка „рамбовка“, само што фармерките тогаш беа тесни и од „dsquared2“ додека на нозете носеше штикли од Кристијан Лоубутин, а во рацете чанта од Луј Витон.
dsquared2
Луј Витон
Потсетуваме, снаата на Цеца, Богдана Ражнатовиќ се породи по трет пат. Таа се породи со царски рез, а заедно со Вељко за бебето го избраа името Исаија. Светлана вчера откри и како Богдана го поминала породувањето истакнувајќи дека нејзината снаа е жена змеј.
Ботега Венета
„Се слушнавме повеќе пати во текот на денот. Брзо се разбуди од анестезијата. Тоа е жена змеј, не се ни сомневав“, истакна Цеца.
Ролекс
Повеќе детали од прославата, но и кој е омилениот дел на Цеца во нејзиниот луксузен дом, погледнете во продолжение…