Исплива видео од Лидија Кочовска и веднаш стана голем хит на СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – рај за очи и мелем за душа!

Познатата пејачка се потсети на дамнешната 1991 година и еден незаборавен настап на фестивалот „Макфест“

Пејачката Лидија Кочовска е родена во семејство на познати музичари. Нејзините родители Невена и Панче беа поранешни членови на култниот македонски бенд Мањифико, а нејзина сестра е Тања Кочовска, позната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица и пејачка.
Лидија уште како девојче покажувала афинитет кон музиката и пеењето, а својот прв настап го имала на четиригодишна возраст на детскиот музички фестивал Златно Славејче, каде била најмлад учесник.
Таа деновиве се потсети на еден од нејзините први настапи на Макфест, а видеото што го објави веднаш стана вирално.

Во прашање е настап од далечната 1991 година, кога настапи во квартет со својата сестра Тања, Џон Илија Апелгрин и Игор Џамбазов.

И двете сестри во видеото носат мали црни фустанчиња, па следуваа голем број коментари на сметка на нивниот изглед.
„Какво ретро, какви сеќавања, каква екипа и емоции еден куп… Цел филм ми се врати назад, таа прекрасна ‘91. Толку години поминаа, а сеќавањата пресвежи, како вера да беше. Мојот Макфест, мојот Штип, мојот дом, тука проодев, пораснав и созреав… Ти благодарам мој Макфест за сите прекрасни децении поминати на твое тло“, напиша емотивно Лидија во коментарите.
Како таа изгледаше во ова свое легендарно издание, потсетете се во продолжение:
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
