Реклама
Наши ѕвезди

Испливаа фотографии од една незаборавна забава на Петрушовска во Белград – еве со кого беше

Не се знае која од која е поубава

Реклама

Еве како се забавуваат младите пејачки

Македонската Гранд ѕвезда, Андријана Петрушовска, ова лето работи со полна пареа, но не пропушта прилика и добро да се забавува.

Тоа впрочем може да го видиме и од нејзиниот Инстаграм профил каде редовно споделува моменти од своето секојдневие, а сега објави неколку интересни „приказни“ на кои е со уште една своја колешка.

Маркетинг

По фотографиите што неодамна ги објави, а на кои позираше во костим за капење и со кои предизвика лавина од реакции, Петрушовска сега покажа дека моментално е во Белград со Јелена Проле.

Маркетинг
Инстаграм

Тие беа мошне блиски и додека се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“, а сега открија како се забавуваат кога се заедно.

Инстаграм

Тие беа на настапот на Урош Живковиќ, а со нив беше и поранешната учесничка Миона Сречковиќ од популарната група „Hurricane“.

Веселата дружба на ова шармантно женско друштво беше забележана и од страна на официјалниот портал на „Гранд“ (Гранд.онлајн), па некои од овие нивни заеднички фотографии завршија на нивните страници.

Инстаграм

Од фотографиите што финалистките ги споделија на Инстаграм може да се види дека тие лудо се забавуваа цела вечер.

Инстаграм

И двете облечени во интересни мини фустани изгледаа неодоливо, а тоа што едната е русокоса, а другата црнка, дополнително им го привлекуваше вниманието на претставниците на посилниот пол така што сите што беа во нивна близина цело време се вртеа по нив, пишува „Гранд.онлајн“.

Инстаграм

Инаку, Петрушовска неодамна отворено зборуваше пред камерите на Гранд за нејзиниот емотивен живот.

Инстаграм

Како што самата откри тогаш, таа најмногу сака фраери што се однесуваат како алфа мажи и кои немаат Инстаграм профил.

Инстаграм

Андријана не сакаше да открие повеќе детали во врска со тоа дали има некој, но затоа откри какви мажи имаат предност кај неа.

Инстаграм

Повеќе за тоа какви фраери сака пејачката, дознајте тука…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button