Испливаа стравични детали од животот на детето убиец – МОНСТРУОЗЕН ПЛАН, ова ги шокираше сите!
Полицијата го прегледа телефонот на момчето што го изврши масакрот во Основното училиште „Владислав Ринкикар“ во Белград...
Една мајка на ученичка од Основното училиште „Владислв Рибникар“ откри детали од животот на уапсениот К.К. (13)
Како што пренесуваат српските медиуми, мајка на една ученичка во „Основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што малолетникот во средата го изврши масакрот, вели дека не можела да забележи ништо чудно кај осомничениот К.К (13) и дека тој не бил зависен од видеоигри, пишува српскиот портал „Ало.рс“.
Оваа мајка за медиумите објасни дека нејзината ќерка била другарка со К.К. (13) и дека повремено се дружеле, а се познавале од јануари.
Како што тврди оваа мајка, не е вистина дека момчето било злоставувано од страна на неговите врсници.
Тој бил сакан од страна на своите родители кои се врвни интелектуалци, вели оваа мајка, а пренесува „Тањуг“.
„Не можев да забележам ништо чудно и необично кај момчето К.К. (13). Беше одличен ученик, одеше на натпревари по историја. Секогаш беше пристоен“, тврди таа и објаснува дека момчето не и дозволувало на нејзината ќерка да пуши цигари во негово присуство и дека не бил зависник од видеоигри.
Убиството го планирал месец дена
Како што е утврдено, момчето-убиец масовното убиство го планирал месец дена. Тој во својот крвав пир уби осум ученици и школскиот чувар, и рани шест ученици и една учителка, а стравичниот масакр го планирал месец дена, до детали, па дури и тоа како да го избегне затворот, пишуваат медиумите.
Како што покажало вештачењето на неговиот телефон, малолетникот свесно го извршил убиството на невините жртви.
Тој непосредно пред злочинот на интернет го пребарувал Кривичниот закон на Србија за да истражи дали децата можат кривично да одговараат.
Како што пишува порталот „СД.рс“, момчето знаело дека му останале нешто повеќе од два месеци до 14-от роденден и дека имал уште само толку време за да го изврши крвавиот пир и да не биде кривично гонет. Исто така, како што е утврдено, а пренесува гореспоменатиот медиум, осомничениот вечерта пред масовното убиство гледал американски блокбастер за масакр во едно училиште во Америка. Само неколку часови подоцна го изврши страшниот злочин.
Потсетуваме, 13-годишниот К.К. во средата изврши масакар во Основното училиште „Власислав Рибникар“ во Белград.
Тој во својот напад уби осум ученици, од кои седум девојчиња и едно момче. Покрај овие млади жртви тој свирепо го уби и чуварот на училиштето, Драган Влаховиќ, а рани уште шест ученици, свои врсници, како и својата учителка по историја.