Реклама
Наши ѕвезди

Испливаа стари фотоки од Каролина – еве како една од најубавите МАКЕДОНСКИ пејачки изгледала на почетокот од кариерата!

Реклама

Неколку стари фотографии од тинејџерските денови на „македонското девојче“

Иако долги години на македонската јавна сцена Каролина Гочева се чини како воопшто да не се променила, а доказ за тоа се и овие стари фотографии.

Маркетинг

Нејзиниот прв настап бил кога имала само 10 години, а се појавила на детскиот фестивал „Си-До“ во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната „Мамо, пушти ме“.

Дека музиката е нејзина силна страна и дека има одличен глас беше евидентно уште од самиот старт, а со настап на Скопје фест, кога имала само 13 години само го потврдила тоа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Деновиве се појавија и видеа од нејзините тинејџерски денови на кои Каролина освен што звучи преубаво, така и изгледа.

Маркетинг

Со текот на времето таа созреа, но се чини годините добро и стојат па секој ден изгледа се поубава.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Во едно интервју Каролина присетувајќи се на тинејџерските години велејќи дека за неа се само убав спомен.

„Од денешен аспек ја доживувам како симпатична детска песничка, убав спомен на моментот кога ми се исполнува детската желба да почнам да пеам. Искрено не се сеќавам кога последен пат сум ја пеела, веројатно уште многу одамна. Одвреме-навреме знам да ја пуштам на Јутјуб за да се потсетам на моето детство!“, откри Каролина.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сега зад себе има веќе 9 студиски албуми, безброј спотови и концерти во и надвор од Македонија.

Каролина е мажена за познатиот македонски сликар Михаил Корубин, но приватноста ја држат далеку од очите на јавноста.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Сепак според објавите на социјалните мрежи се гледа дека и двајцата сакаат да патуваат и да уживаат во својата љубов.

Каролина во една пригода за својот приватен живот ќе изјави дека нејзиниот брак изгледа како и на секоја нормална жена.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, изјави пејачката во едно нејзино интервју за естрадниот магазин „Ексклузив“.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Таа тогаш истакна и дека би сакала наскоро да се реализира како мајка, но како што вели, за сè треба трпение бидејќи „животот самиот ги планира работите“.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button