Испливаа стари фотографии од Сузана Спасовска, еве како изгледала во своите најубави и најлуди години
Беше и остана една од нашите најпознати фолк-пејачки, а ќе се изненадите и како изгледала пред 35 години, на самиот почеток од својата музичка кариера
Познатата фолк-пејачка, Сузана Спасовска, важи за една од најпознатите пејачки на македонска народна музика.
Таа досега има издадено голем број соло албуми и неколку стотини народни и авторски фолк-песни, а во јавноста е нарекувана и како „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“.
Сузана оваа година полни 60 години, а на сцената е присутна речиси цели четири децении.
Фото: Инстаграм/ Сузана Спасовска
Нејзините почетоци датираат од 80-тите години на минатиот век, а недамна на интернет се појавија фотографии од нејзиниот прв албум „Земи ме“, снимен во далечната 1988 година.
Фото: Инстаграм/ Сузана Спасовска
Како Сузана изгледала тогаш, но и неколку фотографии од поново време на кои таа и денес изгледа одлично, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сузана Спасовска
Сузана во 2020 година ќе го добие најубавиот подарок од својата ќерка Теона и зетот Виктор Велковски – внуката Клара.
Принтскрин/ Купујемпродајем
Таа денес најмногу ужива кога го минува времето со своето семејство, а секој миг поминат со внуката Клара, која воедно е и нејзината најголема обожавателка, ја прави исполнета и среќна.