Француската судијка Стефани Фрапар ќе стане првата жена што застана на чело на натпреварот Германија-Костарика во четврток, на Светското првенство во машки фудбал, што се одржува во Катар.
Историскиот момент се случи за време на големиот и важен нaтпревар за двете страни. На Германија ѝ треба победа за да ги задржи надежите на Светското.
ФИФА, исто така, избра две жени за помошници на Фрапарт – Неуза Бек од Бразил и Мексиканката Карен Дијаз Медина – за да комплетираат целосно женски судиски тим на теренот.
38-годишната Французинка судеше во машки фудбал во квалификациите за Светското првенство и Лигата на шампионите, како и нa овогодинешното финале на францускиот куп за мажи.
Таа го презеде и финалето на Светското првенство за жени во 2019 година за ФИФА.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин