Искрена исповед на Спасен за семејството и сопругата – пејачот си ја соголи душата, ова ги трогна сите
Семејството е неговиот најголем успех
Ги откри сите карти…
Пејачот Спасен Силјаноски со емотивна објава ги разнежи своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.
Имено, тој сподели неколку збора за своите најблиски, а објавата потоа ја сподели и неговата сопруга Ана.
Очигледно дека пејачот верува во љубовта и не го крие тоа, но и дека најважно од сé во животот му е неговото семејство.
Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Тој во пресрет на 8-ми март напиша емотивна порака која никого не остави рамнодушен, а во која вели:
„Луѓето со кои се опкружувате, оние кои ве поддржуваат во секоја ситуација, се навистина бесценети. Токму поради ова треба да го цените секој момент кој можете да го поминете со вашите сакани, односно со вашето СЕМЕЈСТВО. Секоја секунда помината со вашето семејство е посебна“, напиша искрено познатиот фолк пејач.
Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Потсетуваме, познатиот пејач Спасен Силјаноски во последните неколку месеци покрај интензивната работа како пејач и бројните настапи тој е поприлично зафатен и со снимањата на емисијата „Везилка“ во која се појавува во улога на водител.
Инстаграм/ Спасен Силјаноски
И како што самиот повеќе пати има истакнато најголема поддршка во животот ја добива од сопругата Ана, додека неговите наследници, ќерката Мила и синот Арсениј, се горди на успехот на нивниот татко.
Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Секогаш кога ќе ги заврши обврските, тој најмногу ужива кога времето го минува со нив, а повеќе детали за неговиот приватен живот откријте во неговото последно интервју за „Гламур“ магазин.