Искра Канзурова откри детали за бракот со Владимир: “Заедно сме 16 години, кога ќе згусне си оди од дома”
Тие се хармоничен пар...
Искра Канзурова, денес е среќно мажена со Владимир и има две дечиња Меглен 13 и Матеа 15. Таа денес е позната по тоа што води складен и мирен семеен живот.
Во интервју за Слободен печат Искра откри дека сопругот ја има главната улога во воспитувањето на децата.
– Во воспитувањето, како и кај повеќето балкански мажи, улогата на Владо е главна кога успесите на децата се негова заслуга, а за неуспесите сум јас виновна. Хахаха, се шегувам. Супер баланс си имаме. Секогаш кога ќе му згусти, се качува на еден од неговите велосипеди, тоа си е неговиот издувен вентил и потоа се враќа дома како бајче, рече Искра во интервјуто за Слободен печат.
Искра откри дека сопругот го запознала во Охрид.
-Тоа беше едно лето, само се запознавме, а посериозно стана по втората средба на прослава на една Нова година, во познато скопско кафуле во ГТЦ. Заедно сме 16 години.
– Порано бевме многу послични, а сега некако со текот на времето почнавме да се разликуваме, но тоа не се некои работи што се пречка. Но, не само бракот, во животот сѐ се базира на компромис, тоа е една од најпознатите, најточните флоскули. Но, можеби не треба толку да го користиме терминот компромис, туку попуштање.
Да потсетиме, Искра беше во брак со Игор Џамбазов од 1992 до 2006 година и важеа за еден од најпопуларните парови на нашата естрада.
Но по десет и повеќе години заеднички живот, тие ќе одлучат да се разделат.
Искра денеска е исполнета и посветена мајка и сопруга. Со Владимир се заедно 16 години и како што вели со сопругот прави компромис и така успева да го одржи бракот.