Исак откри дека е во врска со својата постара колешка и сите ги „ШОКИPAШЕ“ – оваа Гранд ѕвезда си го фати за момче!
Екипата на „Папарацо лов“ ги фати младите „Гранд ѕвезди“ во живо – Исак дури и преспа кај „колешката“ по журката во „Задруга“ на која настапија заедно.
Целиот Балкан зборува за љубовта помеѓу младите Гранд ѕвезди Александра Младеновиќ (27) и Исак Шабановиќ (26).
Како што пренесува српскиот Курир, Александра и Исак биле контактирани и тие признале дека се во емотивна врска.
„Точно е. Исак и јас сме заедно веќе два месеци. Не сакавме се уште да зборуваме за нашата врска, но кога веќе не снимија, не можеме да лажеме“, изјави младата пејачка за споменатиот портал.
Веста ја потврди и Исак, кој не крие дека е вљубен и дека му е многу убаво со неговата нова девојка.
Инаку Исак за десетина дена треба да објави своја нова песна, и како што самиот вели, сето ова нема никаква врска со маркетинг, бидејќи нему не му треба таков вид на маркетинг.
„Нашите кариери се одвоени, а не сум навикнат да го изнесувам својот приватен живот Но бидејќи веќе не фотографираа заедно, можам да кажам дека ни е многу убаво, сјајно се согласуваме, уживаме, вљубени сме и среќни“, изјави Исак за Ало откако медиумите ја обелоденија нивната врска.
Само да потсетиме, Александра која е една година постара од Исак, прв пат заедно се појави со него на журката во „Задруга“, каде и настапуваа, но никој не можеше да претпостави дека тие се забавуваат.
Но потоа камерите на „Папарацо лов“ ги фати како заедно го минуваат времето, но и дека пејачот спиел во нејзиниот стан.
И за да ги спречат озборувањата и мистеријата околу нивниот однос, тие одлучија да признаат дека се во врска веќе два месеци.
„Александра ја запознав на еден настап, дојдов со уште некои колеги малку да се забавуваме, а по неколку дена бевме гости на една веселба и тука се случија првите искри“, изјави Исак за „Гранд.онлајн“ и откри уште еден детаљ.
„Таа претходно изјави дека сум и симпатичен и ми годеше тој нејзин коментар, но бидејќи сум многу срамежлив тешко дека прв би и се приближил па колку и да ми се допаѓа“ додаде младата Гранд ѕвезда.
Како што вели колешката го освоила со самодоверба, смисла за хумор и разбирање што го има за многу работи.
Во медиумите можеше да се прочита и дека тие веќе живеат заедно, но Исак ги демантираше ваквите наводи.
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ