Ирена Спировска во уште едно опасно издание со кое ги освои сите жени – романтичен фустан и фризура што ќе ве остави без здив
Уште едно издание со кое ги воодушеви сите
Една од нашите најпознати водителки, Ирена Спировска, во последната емисија од новиот музички проект „Музика на кирилица“ се појави во уште едно феноменално издание со кое ги освои гледачите на прв поглед.
Имено, симпатичната водителка за оваа пригода избра фустан со тесен крој кој ја истакна линијата на нејзиното тело, со ¾ ракави и мал, суптилен шлиц. Целиот романтичен стил водителката го зачини со светките и препознатливата фризура која е нејзиниот заштитен знак.
Имено, Ирена косата ја носеше врзана и префрлена во задниот дел, со нежна шминка и заблеска во едно од најубавите изданија што сме ја виделе досега.
Инаку, симпатичната водителка и во претходната емисија избра неверојатно шик комбинација. Таа наместо фустан носеше тесен комбинезон со „опасно“ деколте со кое максимално го истакна своето убаво тело, а целото издание го зачини со високи потпетици. Како изгледаше водителката тогаш погледнете во продолжение.