Ирена Спировска блесна покрај саканиот – изгледаат како холивудски пар, насмеани и пресреќни
Македонската водителка среќна и насмеана покрај својот партнер.
Ирена ги воодушеви следбениците со најновите фотографии на Инстаграм.
Водителката Ирена Спировска долги години е во врска со нејзиниот партнер Душко Исајловски.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
Не сака многу во јавност да зборува за својот приватен живот, но понекогаш знае да сподели фотографии со својот сакан.
Секој момент го користат да го поминат заедно.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
Заедно се скоро 5 години, но првата година ја поминаа во тајност и за нивната љубов знаеја само нивните најблиски.
И двајцата се вљубеници во природата и обожаваат да планинарат и токму така и се запознале.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
Често одат на разни планинарски тури, како во земјава, така и во странство.
Душко ѝ е најголема поддршка во сѐ што прави, а во една интервју кажа дека се препознала себеси во него.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спировска
Парот присуствуваше на доделувањето на наградите за „Маж на годината“.
За оваа прилика Душко се одлучи за црно-сива комбинација, а Ирена блесна во светкаво, сребрено одело.
Уште еднаш докажаа дека се еден од најубавите парови на нашата естрада.