Ирена Спасовска до сите што држат диета – пејачката ја откри тајната на својата витка линија
Познатата фолк-пејачка испрати силна порака до своите фанови.
Ирена покажа каква домаќинка е и како ја одржува линијата.
Ирена Спасовска е една од најдобрите пејачки на фолк музика кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
Настапува уште од многу млада, а денес може да се пофали со кариера каква посакува секој од поладите пејачи.
Ирена се вбројува меѓу најатрактивните жени на македонската естрада, која со секој свој потег успева да привлече големо внимание.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
На Инстаграм има над 12 илјади следбеници, а активна е и на Фејсбук.
Освен со пеењето, успешна е и како инфулуенсер.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
Препознатлив е по русата коса и не сака експерименти со изгледот.
Токму таква ја засака публиката и таа не се менува.
Својот приватен живот не сака да го експонира во јавност и акцент става само на својата работа.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
Честопати на видеата кои ги објавува знае да покаже дека пејачките освен што изгледаат убаво, можат да бидат и одлични домаќини.
Овој пат таа испрати моќна порака до своите следбеници и откри што според неа е рецептот за добар изглед и благосостојба.
„Ова утро решив да направам нешто многу вкусно, брзо и диетално. Сите сакаме здраво да се храниме и добро да изгледаме, но забораваме дека треба најмногу од сѐ да се сакаме себе! Во текот на денот да се пофалиме, најмлаку барем 2 пати дека сме направиле нешто добро и мислите секогаш да ни бидат убаво насочени. Какви ни се мислите таков ни е животот“. кажа таа.