Ирена Спасовска ги покажа тетоважите – едната е огромна, а другата на „незгодно“ место
Водата мирува, но не и фолкерката Ирена Спасовска
Ирена без тетоважите
Фолк-пејачката Ирена Спасовска на социјалните мрежи се пофали со нова тетоважа. Таа има една тетоважа на подлактицата, и една во пределот на деколтето, а нејзините фанови се воодушевени и ја почестија со бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Инаку, Ирена минатата година ги изненади своите обожаватели кога се дозна дека се разделила од нејзиниот долгогодишен партнер новинарот Орце Гелевски, поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“.
Тие долги години важеа за еден од најстабилните парови на нашата сцена, а по 13 години врска во која невенчано живееја заедно, Орце се исели од нејзиниот стан, а медиумите објавија дека причината наводно била тоа што Ирена го изневерила со музичарот Амети Мухамедли Мухи.
Ирена со двете нови тетоважи
Некое време откако се појавија овие гласини во медиумите се огласи и новинарот Орце и отворено прозборе на оваа тема.
„Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше. Ова ми беше животна лекција која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема. Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција“ изјави Орце за Фокус
Инаку, Ирена во последно време максимално е посветена на својата музичка кариера, но и го живее животот со полни гради. Таа пред неполни два месеци објави неколку фотографии на кои се гледа како ужива во Катар во друштво на шеик, а дека во животот и оди убаво и „лесно како песна“ можеме да видиме и од другите фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи.