Реклама
Наши ѕвезди

Ирена не сте ја виделе во вакво издание – два пати ќе ги погледнете фотографиите што се појавија

Новата фризура на Ирена Спасовска ги воодушеви сите, ама и црната боја и стои добро

Реклама

Една од нашите најпознати фолк-пејачки Ирена Спасовска овие денови пријатно ги изненади своите верни фанови.

Пејачката се снимаше во својот дом, а вниманието го привлече и нејзината нова фризура која според многумина и стои одлично.

Имено, Ирена се пофали со новата нијанса која според мислењето на многумина е идеална за дами на нејзини години.

Маркетинг

Со оваа фризура пејачката изгледа минимум десетина години помладо, посебно кога ќе ја зачини со една ваква шик комбинација.

Маркетинг

Таа позираше во бело сако под кое носеше тесна блуска, така што во центарот на вниманието беше нејзиното раскошно деколте.

Тоа дека оваа фризура е полн погодок за Ирена и дека изгледа одлично за свои години кажуваат бројните коментари, но и пораки што постојано ги добива од обожавателите на социјалните мрежи.

Едно необично издание

Потсетуваме, Ирена од почетокот на кариерата е препознатлива како русокоса и со години има свој стабилен имиџ, па многумина беа изненадени и кога познатата пејачка во една пригода објави постара фотографија на која е со црна коса.

„Многу луѓе сакаат да ме оцрнат без да знаат дека црното добро ми стои“, напиша Ирена тогаш под оваа фотографија.

Следуваа бројни коментари дека изгледа убаво и со црна коса, а може само да додадеме дека Ирена е една од оние жени на кои сé им стои убаво, но и која знае како да привлече внимание.

Како Ирена изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…

Па, која боја и стои поубаво на Ирена?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button